МЕЃАШИ
Прибежиште за Четири Семејства од Арачиново
 Во Прифатилиштето за деца во кризна состојба, во просториите на ПДАС Меѓаши во Скопје, уште од почетокот на кризата во скопското село Арачиново, привремено се наоѓаат четири семејства од селото. Според зборовите на извршниот директор на Меѓаши, г. Драги Змијанац, Прифатилиштето за деца во кризна состојба било предвидено да започне со работа во текот на минатата година, со 24-часовна покриеност од професионално вработени психолог, педагог и социјален работник и со СОС-линија, но воената криза наложила отворање на вратата на Прифатилиштето за неколку семејства од Арачиново, времено раселени од своите домови. |  |
| ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО
Примена на Европската Kонвенција за човековите праваНа 28 февруари годинава Информативниот центар за граѓанско општество имаше промоција на книгата „Влијанието на Европската конвенција за заштита на човековите права врз националното право и практика”, како и осврт на успешното реализирање на проектот „Практична примена на Европската конвенција за човекови права”.
|  |
|