Настани животна средина Министерство за животна средина и просторно планирање
Еко-караванот патува низ Македонија
На 28 септември 2003 година Министерството за животна средина и просторно планирање на скопскиот плоштад „Македонија“ организира голема забава и еколошка акција, повикувајќи ги граѓаните на Скопје да возат велосипеди. Беше организирана велосипедска тура низ Скопје, со што граѓаните се вклучија во европското одбележување на Денот без автомобили.
Оваа акција е дел од проектот „Зајакнување на капацитетите на Министерството за животна средина“, кој се спроведува со поддршка на Европската Унија, преку Европската агенција за реконструкција. Во рамките на овој проект, Министерството организира Еко-караван, кој е всушност подвижна Канцеларија за комуникација со јавноста.
Еко-караванот тргна во текот на летово и го продолжува својот пат низ Македонија, со логото „Знаеш ли колку си зелен?“. Ќе патува до средината на октомври 2003 и ќе помине низ 16 градови и села, каде ќе ги промовира новите законски проекти од областа на животната средина и трите основни кампањи: за националните паркови, за употреба на велосипеди како алтернатива во сообраќајот и за користење безоловен бензин.
М.И. |