Албанија
Од загаден воздух во Албанија годишно умираат 200 лица

Светската здравствена организација соопшти дека Албанија е една од најзагадените земји на светот и дека загадениот воздух предизвикува смртност на околу 200 лица годишно, најмногу во Тирана.
Хрватска
Околу 85% од испитаниците воочуваат дека жените се дискриминирани
Скоро 85 отсто од испитаниците од истражувањето „Откривање на непознатите страни на ЕУ – водич низ лавиринтот на клучните одредби и прописи кои влијаат на родната дискриминација на нашите животи”, препознаваат дека жените се дискриминирани во современото хрватско општество, беше кажано на претставувањето на резултатите во Шибеник, во организација на Групата за женски права БАБЕ.
Црна Гора
Кампања: Во што е проблемот?
Во рамките на глобалната кампања 16-те дена активизам против насилството врз жените, Црногорското женско лоби од Подгорица се осврна на проблематиката на неприменувањето на законите кои се однесуваат на казнување на чинителите на насилството над жените и децата.