Хрватска
Околу 85% од испитаниците воочуваат дека жените се дискриминирани
Скоро 85 отсто од испитаниците од истражувањето „Откривање на непознатите страни на ЕУ – водич низ лавиринтот на клучните одредби и прописи кои влијаат на родната дискриминација на нашите животи”, препознаваат дека жените се дискриминирани во современото хрватско општество, беше кажано на претставувањето на резултатите во Шибеник, во организација на Групата за женски права БАБЕ.
Станува збор за досега најпотполно научно истражување во однос на граѓаните кон членството на Хрватска во ЕУ низ темата „Мислење на граѓаните и граѓанките околу политиката на родната рамноправност на Хрватска во однос на ЕУ”, „Заштитата на човековите права во Хрватска – што н$ чека на патот кон ЕУ”, како и „Зошто е важна граѓанската партиципација”. Истражувањето е објавено во соработка со Филозофскиот факултет на репрезентативен примерок од 1.005 испитаници, а покажа дека, меѓу другото, 43 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ, додека 30 отсто се неопределени. Меѓу оние кои се сомневаат или се против влезот во ЕУ, повеќето се млади, и тоа два пати повеќе, отколку оние во среден или стар животен век. Тоа мислење во Хрватска е највисоко во однос на другите транзициски земји, а од БАБЕ сметаат дека причина е недоволната информираност на јавноста околу институциите и начинот на функционирање на ЕУ, како и текот на преговорите на Хрватска за влез во ЕУ.
Скоро 85 отсто од испитаниците препознаваат дека жените се дискриминирани во современото хрватско општество. Најголема поддршка добиле еднаквите права на мажите и на жените за време на вработувањето, што ја поддржуваат 81 отсто од граѓаните, а нешто помалку од 80 отсто сметаат дека жените и мажите за истата работа мора да бидат еднакво платени.
извор: Онењорлд
Г.Ш.
|