Албанија

Од загаден воздух во Албанија годишно умираат 200 лица

Светската здравствена организација соопшти дека Албанија е една од најзагадените земји на светот и дека загадениот воздух предизвикува смртност на околу 200 лица годишно, најмногу во Тирана.

Во една студија на организацијата, стои дека нивото на загаденост на воздухот во главниот град е повисоко отколку што дозволуваат меѓународните стандарди и стандардите на  ЕУ, намалувајќи го животниот век и доведувајќи го во опасност животот на голем број луѓе, особено на децата.

Светската здравствена организација смета дека преголемото загадување на воздухот во Албанија е предизвикано од евтиното гориво кое се употребува за старите и употребени возила. Организацијата ја повикува Албанија да преземе мерки за намалување на нивото на загадувањето.               

извор: Онењорлд

Г.Ш.