Национален ромски центар
Започна кампања за образование на ромите
На 6-ти февруари, во х. Бест Вестерн, во Скопје, Националниот ромски центар од Куманово, одржа сесија со новинарите, со што практично започна кампањата за образование на Ромите “Клучот е во вашите раце”.
Полио плус
„На барикадите – против барикади”
На 30 јануари оваа година, во х. Континентал во Скопје, Полио плус го промовира почетокот на новиот проект “На барикадите – против барикади”, кој ќе го спроведуваат во партнерство со Националниот совет на инвалидски организации на Македонија. Целта на проектот е подигање на јавната свест на пошироката заедница дека пристапноста претставува основно човеково право, а не бенефиција.
Институт за трајни заедници
Доделени грантови на 12 граѓански организации
На 14 февруари, во просториите на Скопкси саем, се одржа церемонијата на доделување на грантови за 12 граѓански организации од различни области. На церемонијата учествува и американскиот амбасадор во Македонија, Џилијан Арлет Миловановиќ, директорот на мисијата на УСАИД, Дик Голдман и директорот на Институт за трајни заедници, Стефани Раст.
20060225 Врачена наградата „Борјан Таневски“