Иницијатива на ЕД Еко-мисија
Парк-шумата Водно пешачка зона
Како најголеми пропусти во систематското одржување на Парк-шумата Водно Еко-мисија ги сметаат слабата чуварска служба и дозволениот сообраќај во парк-шумата, како и отсуството на какви било санкции против прекршителите
Најава за активност во месец април
Одбележување на осми април – Светскиот ден на Ромите
Група ромски граѓански организации, предводени од мрежата “РНВО 2002”, заеднички ќе го одбележат годинашниот Осми април – Светскиот ден на Ромите. Одбележувањето е поддржано и финансирано од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).
Јубилеј на ЗЖ “Бисера” од Охрид
10 години активно за женските прашања
ЗЖ “Бисера” веќе 10 години активно дејствува во повеќе сфери на општествено-политичкиот, културниот и хуманитарниот живот во општина Охрид и пошироко
Соработка меѓу ЗЕЛС и АДКОМ
Потпишан меморандум за меѓусебна соработка
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) и Асоцијацијата на давателите на услуги на Република Македонија (АДКОМ) на 15 март потпишаа меморандум за меѓусебна соработка. Меморандумот го потпишаа претседателот на ЗЕЛС, Горан Ангелов, и претседателот на АДКОМ, Јордан Милков.
Конференција на ПДАС Меѓаши и Здружението на даночните работници
Финансиска одржливост на граѓанскиот сектор
Конференцијата имаше за цел да поддржи силно учество на граѓанскиот сектор во развојот на демократските процеси и во остварувањето на тековните и стратешките интереси на граѓаните на Македонија за забрзување на процесот на прифаќање на општоприфатените меѓународни стандарди и мерила во финансирањето на граѓанските организации
Интервју со г-дин Сашо Клековски, Извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка
Состојбите во граѓанското општество
Најуспешните интервенции во минатиот период се онаму каде што странскиот финански капитал е употребен во сектори и организации каде што претходно постоел социјален капитал. Организации со социјален капитал се во основа жените, младите, пензионерите и хендикепираните. Тоа се организации што горе доле постоеле и во претходниот период, и ми се чини дека кога во вакви организации со социјален капитал, со одредени вредности, мрежи, повразаности, со членство, бил инвестиран финансиски капитал, се добивале резултати.
МЦМС: Јавен конкурс
Награда за граѓанско општество и демократија
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) распишува јавен конкурс  за доделување на Наградата за граѓанско општество и демократија.
Прес конференција на ФИООМ и ИДСЦО
Промовирана кампањата „Демократија? Никако без мене!“
Во организација на Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество (ИДСЦО) и Фондација Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), денес беше организирана прес конференција, каде беше промовирана третата фаза од проектот „Школа за демократија“.