МЦМС: Јавен конкурс

Награда за граѓанско општество и демократија

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) распишува јавен конкурс  за доделување на Наградата за граѓанско општество и демократија.

Наградата за граѓанско општество и демократија се доделува заради поддршка на граѓаните и организациите кои дале посебен придонес во локалните и националните иницијативи за развој на граѓанското општество и демократијата во Македонија и тоа за: граѓанско општество, демократија и добро владеење, човекови права и решавање конфликти.

Наградата за граѓанско општество се доделува за долгогодишен придонес, постигнување во претходната година и за јавност и информирање или соработка.

Наградата се состои од диплома и парични средства.

Наградата се доделува на: поединци (граѓани), заедници (месна заедница, локална самоуправа и сл.) и организации (здруженија на граѓани, фондации, медиуми, установи и институции, трговски друштва).

Предлогот за наградата се поднесува во образец за предлог за Наградата.

Образец за пријава:

Поединец (22К)

Организација (22К)

Јавниот конкурс ќе биде отворен до 31 март (четврток) 2005 година, до 16 часот.

Подетални информации можете да добиете во МЦМС на тел. 02/3065-381 или на e-mail: nagradi@mcms.org.mk