Подобро запознавање со другите религии
Како дел од програмата на МЦМС „Меѓурелигискасора-боткаво Македонија" (ПРМ), во текот на месецов, деканите на Факултетот за исламски науки и на Богословскиот фа-култетразменија предавања, а возвратни посети остварија и студентите на двата факултета.
Активности натеолошките факултети
Предавање на факултетот за исламски науки
Во рамките на програмата Меѓурели-гиска соработка во Македонија, на 15.03.2004 година на Факултетот за исламски науки се одржа предавањето од д-р Јован Таковски, на темата „Дефиниција, предмет и поделба на догматаката, со скратено изложување натроичната и христолошката догма". На предавањето учествуваа студентите од IV година од Факултетот за исламски науки.
Активности натеолошките факултети
Нови канцеларии на теолошките факултети
На Богословскиот факултет и на Факултетот за исламски науки се отворија две канцеларии, кои се наменети за спроведување на актив-ностите од програмата за Меѓу-религиска соработка (ПРМ). Во рамките на програмата ангажирани се два соработника на проекти на факултетите, кои се одговорни за координација на активностите од програмата.
Активности натеолошките факултети
Втори возвратни предавања
Вторите меѓусебни предавања започ-наа со предавањето на д-р Метин Изети кој на 01.04.2004 година на студентите од Богословски факултет им се претстави со предавањето на тема „Исламска догматика-дефи-ниција на исламската догматика и нејзина поделба".
Активности на теолошките факултети
Одржана е конференцијата Религиозен плурализам во Котор
Во организација на одделот за 1/1 сто-рија на религија при Универзитетот во Осло и со финансиска поддршка на Министерството за надворешни ра-боти на Норвешка во периодот 22.03.2004 до 25.03.2004 во Котор се оддржа конференција со наслов „Религиозен плурализам". На конференцијата присуствуваа научници од оваа област од Нор-вешка, Македонија, Босна и Херце-говина, Србија и Црна Гора и Ал-банија. МЦМС учествуваше со еден претставник.
Активности на теолошките факултети
Посета на Факултетот за исламски науки
Во рамките на проектот Меѓурелигиска соработка во Македонија, на 22.03.2004 год. во 10 часот, група студенти, заедно со продеканот проф. д-р Јован Белчовски и управата на Богословскиот факултет, предводени од координаторот на проектот Дејан Димитријевски, ги посетија Факул-тетотза исламски науки и Средното ислам-ско училиште „Иса Бег Медреса,,. Прво го посетивме факултетот каде што наидовме на одличен пречек.
Активности на теолошките факултети
Дочек за секоја почит
Во рамките на проектот „ Посети на теолош-ките училишта" од програмата Меѓу-религиска соработка во Македонија, на 29.03.2004 година, студентите и некои од професорите од Факултетот за исламски науки остварија посета на Богословскиот факултет /;Св. Климент Охридски" и на Средното богословско училиште. На Богословскиот факултет беа пречекани од деканот на факултетот Јован Таковски, кој наедно одржа поздравен говор поса-кувајќи им добредојде на гостите истак-нувајќи дека посетата има исклучително големо значење затоа што овозможува меѓусебно запознавање, придонесува за зголемување на меѓусебната почит и овоз-можува подобра иднина на нашата земја.