Активности натеолошките факултети
Предавање на факултетот за исламски науки
Во рамките на програмата Меѓурели-гиска соработка во Македонија, на 15.03.2004 година на Факултетот за исламски науки се одржа предавањето од д-р Јован Таковски, на темата „Дефиниција, предмет и поделба на догматаката, со скратено изложување натроичната и христолошката догма". На предавањето учествуваа студентите од IV година од Факултетот за исламски науки.
ДеканотТаковски во поздравното изла-гање го изрази своето задоволство од укажаната можност за остварување ваква размена на предавања и мож-носта за подобро меѓусебно запоз-навање и соработка помеѓу факул-тетите.
Воедно истакна дека меѓуверската соработка претставува нов предизвик за сите и дека ја поздравува ини-цијативата за меѓусебна соработка. Во рамките на предавањето беше изложена дефиницијатана зборот догма, нејзиниот предмет и поделбата на догмата. Зборотдогмае од грчко потекло и неговото значење е потврдена вистина. Религиозната мисла е мисла која е откриена од Бога. Предавањето се однесуваше и на некои важни моменти од историјата на пророците Ное, Јаков, Мојсеј, Исус Христос и изложувањето на Троичната и Христолошката догма. По предавањето студентите поставуваа прашања кои се однесуваа на оваа тема. Студентите истакнаа дека оваа средба е взаемно значајна и дека остварува можности за взаемна почит и размена на мислења.
Подготвил: Минур Хасани
|