Активности на теолошките факултети

Дочек за секоја почит

Во рамките на проектот „ Посети на теолош-ките училишта" од програмата Меѓу-религиска соработка во Македонија, на 29.03.2004 година, студентите и некои од професорите од Факултетот за исламски науки остварија посета на Богословскиот факултет /;Св. Климент Охридски" и на Средното богословско училиште. На Богословскиот факултет беа пречекани од деканот на факултетот Јован Таковски, кој наедно одржа поздравен говор поса-кувајќи им добредојде на гостите истак-нувајќи дека посетата има исклучително големо значење затоа што овозможува меѓусебно запознавање, придонесува за зголемување на меѓусебната почит и овоз-можува подобра иднина на нашата земја.

По говорот, гостите од Факултетот за исламски науки имаа можност да се запо-знаат и со студентите од Богословскиот факултет кои им ги претставија просториите на факултетот, почнувајќи од училниците, кабинетите, канцелариите и библиотеката каде што студентите имаа можност да ги разгледаат книгите и изданијата со кои располага библиотеката. На крајот од посетата беше организиран коктел од страна на домаќините, со цел за подобро меѓусебно запознавање. По оваа посета беше остварена и посетата на Средното бого-словско училиште во Драчево. Студентите беа дочекани со елан и желба за меѓусебна соработка од страна на учениците и про-фесорите на средното училиште. Наедно беа претставени и про-сториите на средното училиште, така што студентите имаа мож-ност да се запознаат со про-сториите на оваа институција. Импресиите на студентите од Факултетот за исламски науки беа дека оваа посета им овоз-можи блиски средби и запознавања, како со студентите на Богословскиот факултет, така и со учениците од средното училиште. Тие истакнаа дека се многу среќни затоа што на виделина излегува една вистина, дека верските заедници многу лесно можат да соработуваат. Студентите од Факултетот за исламски науки им се заблагодаруваат на вработените од МЦМС кои овозможија преку овој проект да се воспостави една искрена соработка помеѓу верските заедни-ци и овозможија младите од двете вери да се запознаат подобро и да разменат мисле-ња.

 

Подготвил: Минур Хасани