Светски Самит за информациско опШтество - Женева
НВО за првпат на Светскиот самит на ОН
Невладините организации за првпат добија можност да учествуваат на Светскиот самит за информациско општество (ССИО) што се одржа од 10 до 12 декември 2003 во Женева. Во првата фаза од одржу­вањето на Самитот беа опфатени нај­различни теми од инфор­ма­цис­кото општество, а беше усвоена и Декларација на принципите и Акцискиот план.
Е-АКТИВИЗАМ
Активист со само еден клик!
Информатичката технологија воведува нови, евтини и ефикасни начини со кои граѓанските организации ќе им бидат достапни на обич­ните граѓани кои сакаат да поддржат вредни цели, но немаат пари, сила или време за тоа. Како прво, интернетот на граѓанските орга­низации им нуди нов и инте­рактивен начин за да се претстават себеси преку отворање веб-страници кои ќе нудат информации за самите нив, нивните програми и активности.
Фондација Котонвуд
Мали грантови за еманципација, животна средина и културна разновидност
Фондацијата Котонвуд нуди мали грантови во висина од 1000 $ за проекти во чиј фокус на интерес се еманципацијата, животната средина и културната разлика. Таа го фокусира финансирањето на потврдени организации кои работат директно со целната група од целиот свет, што силно се потпираат на волонтерските напори и кај кои поддршката би имала големо значење. Малите грантови во вредност од 500 до 1000 долари ги добиваат организациите што работат директно со целната група во Соединетите Држави и останати земји од светот.
ЗаедниЧка борба на НВО
Напори за лансирање на втората декада од Образованието за човекови права
Летниот универзитет за човекови права (СУХР), Меѓународната организација за правото за образование (ОИДЕЛ), Сока гакаи интер­национал (Сока Гаккаи Интернатионал) и уште неколку НВО со седиште во Женева, ги здружија напорите за поддршка на иницијативата на Владата на Костарика за спонзорирање на новата резолуција на Комисијата за човекови права на ОН. Резо­луцијата е насочена кон почетокот на втората декада на образованието за човекови права од 2005 до 2014 година, а главна цел на декадата ќе биде промоција на едно пошироко гледање на образованието за човекови права и на ставовите за негово интегрирање во глобалната агенда на ОН.