ЗаедниЧка борба на НВО

Напори за лансирање на втората декада од Образованието за човекови права

Летниот универзитет за човекови права (СУХР), Меѓународната организација за правото за образование (ОИДЕЛ), Сока гакаи интер­национал (Сока Гаккаи Интернатионал) и уште неколку НВО со седиште во Женева, ги здружија напорите за поддршка на иницијативата на Владата на Костарика за спонзорирање на новата резолуција на Комисијата за човекови права на ОН. Резо­луцијата е насочена кон почетокот на втората декада на образованието за човекови права од 2005 до 2014 година, а главна цел на декадата ќе биде промоција на едно пошироко гледање на образованието за човекови права и на ставовите за негово интегрирање во глобалната агенда на ОН.

Експертите на Поткомисијата за заштита и промовирање на човековите права на ОН минатата година едногласно ја усвоија резо­луцијата која предлага генералното собрание да се одржи на почетокот на  втората декада во 2004 г.

Во неодамнешните резолуции Комисијата за човекови права на ОН и Генералното собрание на ОН ги охрабруваа владите и недржавните актери да продолжат со своите напори за остварување на целите на декадата, но досега многу малку се говореше за понатамошните акции на меѓународно ниво. Поради фактот што голем број влади покажаа извесна воздржаност за можноста за почетокот на втора декада, НВО од целиот свет кои се фокусирани на обра­зованието за човекови права во моментот се обидуваат со здружени сили да ги убедат гореспоменатите влади да го поддржат по­четокот на декадата.                                                   

Т.Х.