ФИООМ и Метаморфозис
Подобро спроведување на законите
Во текот на јули, во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и фондацијата Метамор­фозис, се организираа две работни средби посветени на подобрување на спроведувањето и примената на три акти: Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за безбедност на класифицирани информации и Законот за заштита на личните податоци
Проект на “КХАМ” од Делчево
Улогата на граѓанскиот сектор во брегалничкиот регион
Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите „КХАМ”од Делчево, со поддршка од Институтот за трајни заедници, преку програмата „Зајакнување на граѓанското општество”, финансирана од УСАИД, го реализира проектот „Улогата на граѓанскиот сектор во брегалничкиот регион”
Граѓанска платформа на Македонија
Конференција за законска рамка
Македонскиот центар за меѓународна соработка и Фон­дацијата Институт отворено општество – Македонија, во име на Граѓанската платформа на Македонија орга­низираа „Регионална конференција за законска рамка”. Конференцијата се одржа на 24 и 25 септември, во Скопје, а беше организирана во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) од Будимпешта.
Електрична енергија за граѓаните кои користат социјална помош
И електричната енергија е производ кој се плаќа
Здружението на граѓани „Мектеб” од Скопје и коалицијата на граѓанските организации на општината Чаир, организираа Форум на темата „Електричната енергија и социјалните случаи”.