Граѓанска платформа на Македонија

Конференција за законска рамка

Македонскиот центар за меѓународна соработка и Фон­дацијата Институт отворено општество – Македонија, во име на Граѓанската платформа на Македонија орга­низираа „Регионална конференција за законска рамка”. Конференцијата се одржа на 24 и 25 септември, во Скопје, а беше организирана во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) од Будимпешта.

Овој настан беше дел од проектот „Поддршка за наци­оналниот граѓански форум/платформа”, финансиран од Европската Унија и раководен од Европската агенција за реконструкција.

Целите на оваа конференција беа размена на искуства и преглед на ситуацијата во регионот со цел да се придонесе кон тековната реформа за подобрувања на правната и фискалната рамка во Република Македонија, да се дадат конкретни предлози за подобрување на работната верзија на измените на Законот за здруженија на граѓани и фондации, како и да се разменат искуства од досегашната примена на новите законски решенија кои се однесуваат на здруженијата на граѓани и фондации. Се одржаа неколку тематски расправи за: правото на здружување; управување; економски активности и даночни поттикнувања, финансирање на здруженијата и фондациите од страна на државата; организација од јавен интерес; досегашни искуства од примената на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности; презентација на Законот за волонтерство и можностите коишто ги нуди тој. Во завршниот дел од конференцијата се работеше во две работни групи, на темите: Што би требало да се обработи во стратегијата за развој на волонтерство во Република Македонија?; и, Искуства во примена на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и понатамошни активности. На конференцијата учествуваа претставници од институциите на централно ниво, членките на ГПМ, други граѓански организации, медиуми итн.

М.И.