Проект на “КХАМ” од Делчево
Улогата на граѓанскиот сектор во брегалничкиот регион
Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите „КХАМ”од Делчево, со поддршка од Институтот за трајни заедници, преку програмата „Зајакнување на граѓанското општество”, финансирана од УСАИД, го реализира проектот „Улогата на граѓанскиот сектор во брегалничкиот регион”. По објавениот повик за доставување апликации за грантови на граѓански организации за реализирање на проектот, одборот за избор на грантови при ХДЗР-КХАМ селектира 8 НВО кои добија грантови во износ од 60.000 до 125.000 мкд за реализирање проекти во рок од 4 месеци. Спроведувањето на проектите започна на 1 септември.
Целта на проектот е поддршка на граѓанските иницијативи кои се однесуваат на конкретни потреби и прашања од значење за локалните заедници, за чиешто реализирање ќе биде обезбедена поддршка за локалните ГО, кои во соработка со локалната власт и други партнери работат на зголемување на учеството на граѓаните во јавните процеси и на постигнување конкретни резултати од интерес за граѓаните.
К.Б.
|
|