|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
НАСТАНИ
Куферот на Енвер"Прави добро и ќе ти се врати добро", велат постарите луѓе. Ваквите мисли им се вртат во главата и на 99-те нови жители на детското одморалиште во Чичино Село, сите од селото Радуша, скопско. Не беше доволно што на своите раменици износија две бегалски кризи, што низ нивните домови поминаа неколку илјади бегалци од Босна и Херцеговина, а потоа и од Косово, туку бегалската судбина мораше и нив да ги снајде. |  |
НАСТАНИ
Ограничување на девизното работењеВо текот на мај 2001 година повеќе здруженија на граѓани и фондации (граѓански организации) примија писма од своите деловни банки во кои се известуваат дека согласно писменото толкување на Народната банка на Македонија тие не можат да имаат девизна сметка и затоа банката е присилена да ја затвори девизната сметка и евентуалното салдо да го откупи на девизен пазар. Во одделни случаи е дадено и дополнение дека идните девизни приливи ќе бидат директно откупувани од банката и дека за секое плаќање во странство е потребно да се поднесе одобрение од надлежниот орган (Министерството за економија), се додека тие не се усогласат со законските прописи и не се регистрираат за надворешно-трговско работење. |  |
НАСТАНИ
Војници без оружјеСпоред Законот за одбрана, објавен во Службен весник на Република Македонија на први јуни годинава, обврската за служење воен рок може да се извршува и преку цивилна служба. Поточно, како што вели член 8 од овој Закон, "… Регрутот кој од верски или морални убедувања (приговор на совеста), не сака да служи воен рок во Армијата со оружје, може да служи воен рок во Армијата без оружје или да служи воен рок во цивилна служба. Служењето на воениот рок во случаите од став 1 од овој член трае 14 месеци". |  |
НАСТАНИ ДЕМОКРАТИЈА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА РОМСКИ ЦЕНТАР „ДРОМ”
Сите различни – сите еднаквиРомскиот центар „Дром” се вклучи во периодот од први до десетти април во активностите околу одбележување на светскиот ден на Ромите, осми април, кои опфатија повеќе кампањи, мирни протести, предавања и други настани. Во сите овие активности Ромите од целиот свет ја манифестираа својата желба за еднаквост и за прифаќање на околината и на различен начин се изразуваа за себе самите. |  |
|
|
|
|