Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Демократија и човекови права

   

НАСТАНИ

 ДЕМОКРАТИЈА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА

 ЦИВИЛНО СЛУЖЕЊЕ НА ВОЕНАТА ОБВРСКА

 Војници без оружје

Според Законот за одбрана, објавен во Службен весник на Република Македонија на први јуни годинава, обврската за служење воен рок може да се извршува и преку цивилна служба. Поточно, како што вели член 8 од овој Закон, "… Регрутот кој од верски или морални убедувања (приговор на совеста), не сака да служи воен рок во Армијата со оружје, може да служи воен рок во Армијата без оружје или да служи воен рок во цивилна служба. Служењето на воениот рок во случаите од став 1 од овој член трае 14 месеци".


Како што определува наредниот, член 9 од овој Закон, воениот рок во цивилна служба се служи во здравствени, хуманитарни или социјални организации и установи и противпожарните единици.
Организациите, установите или единиците каде се служи воен рок во цивилна служба ги определува Владата на Република Македонија. Тие се должни на лицата кои служат воен рок во нив, да им обезбедат бесплатно сместување и исхрана, а финансиските средства за надомест на трошоците за сместување и исхрана се обезбедуваат од Буџетот на Министрството за одбрана. Организациите, установите и единиците каде се служи цивилната служба, се должни да ги определат работните места и видот и обемот на задачите за овие лица, а за тоа треба согласност да даде Владата, по претходно мислење од Министерството за одбрана.  Контрола над служењето на воената обврска на ваков начин, покрај самите организации, ќе врши и Министерството за одбрана.
Лицето кое сака да служи ворен рок на овој начин, треба да поднесе барање до Министерството за обрана во рок од 15 дена од денот на приемот на поканата за регрутација, наведувајќи ги причините и начинот на кој сака да го отслужи воениот рок. Решение по барањето, во рок од 60 дена, донесува посебна комисија формирана од Министерството за одбрана. Против решението на оваа комисија, регрутот може да поднесе жалба во рок од 15 дена, до второстепената комисија на Владата.
МЦМС, согласно овие законски одредби, поднесе писмо до Министерството за одбрана на Република Македонија, изразувајќи го својот интерес како невладина и непрофитна организација, за можноста во неа да се служи цивилната служба. Позитивните искуства од другите држави и партнерските организации на МЦМС говорат во прилог на можноста преку цивилната служба да се обезбеди посветен кадар и истовремено, да се создадат кадри потребни за невладиниот сектор.
М.И. 

 


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 06 Јули 2001
Број 06 Јули 2001
Вовед
Настани
Публикации
Календар
Форум
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA