РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Обука за млади еколошки лидери
Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ), со седиште во Унгарија, во соработка со италијанската невладина организација Л’умана ди мора, организира серија обуки за млади еколошки лидери, кои ќе се одржат во Унгарија и Италија во 2004 година.
Обуката се состои од тринеделен теоретски дел во мултикултурна средина во седиштето на РЕЦ во Сентендре, Унгарија и едно-неделна студиска тура низ Италија, со посебен фокус на менаџерските/лидерските вештини, најновите еколошки методи (на пример, информатичките технологии и пазарнозаснованите решенија) и пренесување на овие вештини на врсниците.
Погодни за програмата се граѓански активисти кои работат во областа на животната средина од Централна и Источна Европа. Тие треба да бидат на возраст од 20 до 30, да покажуваат силна посветеност кон животната средина, да имаат солидно усно и писмено познавање на англискиот јазик и да бидат државјани на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија, Кипар, Косово, Латвија, Литванија, Македонија, Малта, Романија, Словачка, Словенија, Србија и Црна Гора, Турција, Унгарија, Чешка и Хрватска. Обуката се одржува од 12 јануари до 7 февруари 2004 година, а краен рок за пријавување е први ноември 2003 година.
За повеќе информации обратете се на http://www.rec.org или на acraciun@rec.org (лице за контакт: Адријана Кракиун).
|