ОПШТИНА ЧУЧЕР-САНДЕВО
Пуштен во употреба нов регионален водовод
Општината Чучер-Сандево во септември доби нов регионален водовод, како резултат на воспоставената соработка меѓу локалната самоуправа и австриската влада.
ЕАР И МЖСПП
Намалување на загадувањето во Тетово
Европската агенција за реконструкција го финансира проектот за заштита на површин­ските и подземните води во тетовскиот реон од загадување со шествалентен хром. Овој проблем веќе со години беше посочуван од Движењето на екологистите на Македонија и од граѓанските здруженија од Тетово и од Скопје, но и од научните работници и институции, како една од најголемите опасности од загадување на реката Вардар, изворот Рашче како и пошироката околина.