ЕАР И МЖСПП
Намалување на загадувањето во Тетово
Европската агенција за реконструкција го финансира проектот за заштита на површинските и подземните води во тетовскиот реон од загадување со шествалентен хром. Овој проблем веќе со години беше посочуван од Движењето на екологистите на Македонија и од граѓанските здруженија од Тетово и од Скопје, но и од научните работници и институции, како една од најголемите опасности од загадување на реката Вардар, изворот Рашче како и пошироката околина.
Со проектот, вреден еден милион евра, ќе раководи Министерството за животна средина и просторно планирање, а со него ќе се санира индустриската јама на хемискиот индустриски комбинат “Југохром” кај селото Јегуновце, од која шестовалентниот хром и другите загадувачки материи, преку подземните хидролошки врски навлегуваат во Рашче и Вардар.
М.И.
|
|