Проект на РАЖМ “Лулуди” Скопје
“Мониторинг на активностите од сферата на здравствената заштита”
Од март 2007 година РАЖМ „Лулуди” Скопје го реализира проектот „Мониторинг на активностите од сферата на здравствената заштита”. Истиот е во завршна фаза, а во извештајот што е во подготовка и ќе биде публикуван во ДВД-издание, ќе бидат содржани најчестите проблеми поради кои Ромите не го остваруваат правото на здравствено осигурување.
Трибина во Свети Николе
“Надмудри го ракот - биди здрава жена”
По повод кампањата на Министерството за здравство, во соработка со Македонското женско лоби, со Комисијата за еднакви можности и со Клубот на жените парламентарки, Организацијата на жените на општината Свети Николе на 17 декември одржа трибина на темата „Надмудри го ракот - биди здрава жена”.