Проект на РАЖМ “Лулуди” Скопје
“Мониторинг на активностите од сферата на здравствената заштита”
Од март 2007 година РАЖМ „Лулуди” Скопје го реализира проектот „Мониторинг на активностите од сферата на здравствената заштита”. Истиот е во завршна фаза, а во извештајот што е во подготовка и ќе биде публикуван во ДВД-издание, ќе бидат содржани најчестите проблеми поради кои Ромите не го остваруваат правото на здравствено осигурување. Исто така, во него ќе се најдат и информации од набљудувани случаи во кои е утврдено прекршување во остварувањето на правото на здравствената заштита и здравственото осигурување.
Проектот „Мониторинг на активностите од сферата на здравствената заштита” е изготвен врз основа на добиените резултати од проектот „Поинаков пристап, сите до подобро здравје”, кој „Лулуди” го реализира во периодот 2005-2007 година со цел да се зголеми бројот на Ромите од општината Шуто Оризари корисници на здравствена заштита.
Преку реализација на проектните активности, организацијата креира сопствена база на податоци, во која се евидентирани Ромите од општината кои го немаат остварено правото на здравствено осигурување. Проектот е финансиски поддржан од страна на ОСИ Њујорк и ФИОО Македонија.
К.Б.
|
|