РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА
Засилување на граѓанското општество на Балканот
Домаќин на Третата средба за партнерство на Хуб-мрежата за градење капацитети која се одвиваше во Фекетиц, во близина на Нови Сад, Србија и Црна Гора од 19 до 21 декември минатата година, во „Леунберг хоме“, центрите за обука, беше Екуменската хума­нитарна организација (ЕХО). Преставници на седум од 13-те партнерски организации се собраа да изготват акциски план за нивните активности во 2004 г.
Дискриминација на граЃанското здруЖување во Грција
Во Лерин не успеа да се регистрира Домот на македонската култура
Со образложение од страна на Основниот суд во грчкиот град Лерин, дека Домот на македонската култура е опасност за јавниот ред и мир и овозможува прос­тор за дејству­вање на стран­ски агенти што ра­бо­тат на идејата за постоење на „непостоечката маке­донска нација“, не­одамна и официјално е од­биено барањето за негова ре­гистра­ција.
РОМАНИЈА
Конференција за родови прашања и (пост) јазот Исток-Запад
Проектот за граѓанско образование при Катедрата за филозофија, ББУ Клуј во Романија, организира серија работилници кои имаат за цел да му пристапат на пра­шањето за влијанието на јазот Исток-Запад на родовите прашања. На семинарот ќе биде организирана конференција на тема „Родо­вите односи и (пост) јазот Исток-За­пад“, како и неколку работилници со слични прашања, кои ќе се одвиваат од 6 до 9 мај 2004 година или од 13 до 16 мај 2004 година во Клуј, Романија. Очекуваните резултати од семи­нарот се: брошура која ќе ги содржи пре­зентациите на учесниците, нивните инсти­туции, како и презентација на нивните про­екти; плус, книга со најзначајните тру­дови кои ќе бидат презентирани.
СРБИЈА
Бугарското малцинство во Парламентот
Бугарското малцинство во Србија има свој прет­ставник во Парламентот на Република Србија. Тоа е Владимир Захариев – како што своите корисници ги информираше „Greek Helsinki Monitor“. Тој е дел од локалната самоуправа во градот Босилеград и ќе ја претствува малубројната бугарска заедница, која според статистичките проценти прет­ствува една четвртина од еден процент од населението во Србија.
ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ
Европската истражувачка мрежа се шири на Балканот
Проектот на Мрежата за истражување и обра­зование на југоисточна Европа (СЕЕРЕН) го заврши проширувањето на Паневропската брза истра­жувачка мрежа ГЕАНТ на бал­канските земји.