РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

Засилување на граѓанското општество на Балканот

Домаќин на Третата средба за партнерство на Хуб-мрежата за градење капацитети која се одвиваше во Фекетиц, во близина на Нови Сад, Србија и Црна Гора од 19 до 21 декември минатата година, во „Леунберг хоме“, центрите за обука, беше Екуменската хума­нитарна организација (ЕХО). Преставници на седум од 13-те партнерски организации се собраа да изготват акциски план за нивните активности во 2004 г.

„Цапацитѕ-Буилдинг Хуб“ е мрежа на 13 црковни и ѓраѓански организации од 6 земји и територии во Југоисточна Евопа (Албанија - „Diaconia Agepas“, „Albanian Civil Society Foundation“; Бугарија - „WAD“, „Pokrov Foundation“; Хрватска - „“NIT“, „EOS“; Македонија - МЦМС; Рома­нија - „AIDRom“, „Opprtunity Associates“; Србија и Црна Гора (вклучително Косово) - „EHO“, „Philantropy“, „We aer With You“. Мрежата има за цел да се грижи за координацијата и мреж­ното работење на активностите, од една страна, и да го користи тој ресурс во гра­ѓанските орга­низации и екуменските пар­тнерства во Југо­источна Европа, како придонес кон трајниот мир и стабилноста во регионот. Мрежата се грижи за релевантни, ефективни, достапни, прис­тапни и одржливи пакети на услиги за градење на капацитетите.

Повеќе информации за мрежата и нејзините активности ќе добиете на http://217.16.71.243/default-en.asp.

Т.Х.