Промоција
ИЗВОРИ НА ФИНАНСИРАЊЕ ОД ЕВРОПСКА УНИЈАМЦМС на 9 мај ја промовираше публикацијата “Прирачник за граѓански организации – извори на финансирање од Европската унија”. Прирачникот е производ на обуката за мобилизација на ресурси што се спроведе како дел од проектот „Партнерство во акција – зајакнување на Балканската мрежа на граѓанското општество”. Промоцијата се одржа во рамките на Европскиот ден на претприемачот. Публикацијата ја промовираше Нафи Сарачини, претставник на Делегацијата на Европската комисија во Скопје. На промоцијата присуствуваа околу 30 претставници на граѓанските организации, приватниот сектор, локални власти и медиумите. |  |
Промоција
Успешно искористување на фондовите ИПАРДНа 9 мај 2007 во Скопје, хотел Холидеј инн, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Македонската развојна фондација за претпијатија оддржаа промоција на публикацијата Успешно искористување на фондовите ИПАРД. Во публикацијата се собрани дел од искуствата на поранешните земји – кандидатки за членство во ЕУ. Публикацијата ја промовираше заменик-министер за земоделство, шумарство и водостопанство, Перо Димшоски. На присутните им се обратија и некои од авторите, Мате Ѓорѓиевски и Валентина Ѓошеска. Промоцијата беше дел од манифестацијата Европски ден на претприемачот.
|  |
Реакција од 17 граѓански организации
Изјава за солидарност и поддршка на новинарот Исо РусиНие, граѓанските организации во Република Македонија, изјавуваме солидарност и целосна поддршка на Исо Руси, новинар и претседател на Хелсиншкиот комитет, во неговото право на слобода на изразување. Говорот на омразата во Македонија не започнува сега, но претставува кулминација на ксенофобијата и омразата кон неедномисленици и кон секој кој не е со „чиста крв“. |  |
|