Реакција од 17 граѓански организации

Изјава за солидарност и поддршка на новинарот Исо Руси
 

Ние, граѓанските организации во Република Македонија, изјавуваме солидарност и целосна поддршка на Исо Руси, новинар и претседател на Хелсиншкиот комитет, во неговото право на слобода на изразување. Говорот на омразата во Македонија не започнува сега, но претставува кулминација на ксенофобијата и омразата кон неедномисленици и кон секој кој не е со „чиста крв“. 

Изјавата на  Демократската партија на Албанците (ДПА) е загрозување на слободата на изразувањето со директна закана по животот и безбедноста.

Тежината на изјавата е поголема бидејќи ДПА е парламентарна партија, учествува во Владата на Република Македонија и има пристап до државната моќ.

Со Европската конвенција за правата на човекот, државата, односно Владата е индиректно одговорна за случаи во кои се повредуваат правата на човекот и ако се направени од трета страна, а се констатира дека Владата можела да преземе мерки да го спречи тоа.  

Бидејќи ДПА учествува во извршната власт, Владата е, директно и индиректно, повикана да реагирa.

Затоа, од ДПА бараме да го демонстрира својот демократски капацитет, да се огради и да се извини за изјавата.  А од Владата на Република  Македонија бараме да го осуди загрозувањето на слободата на изразувањето и да преземе мерки за заштита на безбедноста и животот на новинарот и граѓанинот Исо Руси.


Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар

Доверба - Скопје

НВО Инфо центар – Скопје

Граганска асоцијација Мост - Скопје

Младинска алијанса – Тетово

Младински културен центар - Битола

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) - Скопје

ОХО - Скопје

Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“ - Скопје

Поли Плус - Скопје

Сојуз на организациите на жените на Македонија (СОЖМ) – Скопје

Феликс - Битола

Форум ЦРСД - Скопје

Фондација Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) - Скопје

ХДЗР Месечина – Гостивар

Центар за институционален развој (ЦИРа) – Скопје

Центар за човекови права и разрешување на конфликти - Скопје