Огледалата и ЕУ
Во Градскиот парк во Скопје, на 9 мај, на денот на Европа, годинава, се слушаше “Одата на радоста”, химната на континентот чиешто семејство во новиов век се зголемува. Старите жители на ЕУ, но и новопримените во деновите кои следуваат, ќе го развиваат чувството на заедништво, на градење нова, проширена заедница.