Огледалата и ЕУ
Во Градскиот парк во Скопје, на 9 мај, на денот на Европа, годинава, се слушаше “Одата на радоста”, химната на континентот чиешто семејство во новиов век се зголемува. Старите жители на ЕУ, но и новопримените во деновите кои следуваат, ќе го развиваат чувството на заедништво, на градење нова, проширена заедница. А, ние, граѓаните, кои чекаме во ред за прием во ЕУ, полека ќе ги демистифицираме и учиме правилата на градење патеки до целта, низ шумата преполна со остатоци од стариот систем, со знаци и упатства за движење. Одот ќе ни биде бавен, бидејќи огледалата во кои с$ почесто си ги погледнуваме своите вистински лица, како да се множат.
На патот до целта, до ЕУ, и граѓанските организации ќе мораат да се погледнуваат во своите огледала и да ја развијат самокритичноста до мерка која нема да го наруши патот, но ќе им овозможи да ги препознаат подобро знаците низ шумата. Некои од нив не сакаат да ги забришат замаглените, стари огледала, а други, пак, веќе купуваат нови, во кои с$ почесто се гледаат себеси заедно со државните институции. Заедничкиот поглед во заедничкото огледало е нашата крајна цел, или можеби претпоследната станица пред влезот на ЕУ.
И на овој пат (еден од многуте кои во изминативе години моравме да ги минуваме бавно и тешко), заедничките визии се и најдобрите и најдалекусежните. Новото искуство ќе се гради врз нови партнерства, коалиции, врз нови заеднички идеи. Пролетта и така во себе носи промени, но важно е истите правилно да се препознаат.
Катерина Богоева
|
|