коментар
Започна Декадата на интеграција на Ромите
2005 година започна доста интензивно кога е во прашање интеграцијата на најголемото малцинство во Европа – Ромите. Официјално, на 2 февруари во Софија, Бугарија, премиерите на Македонија, Бу­га­ри­ја, Унгарија, Хрватска, Србија и Црна Гора, еш­ка, Сло­вачка и Романија, по иницијатива на своите земји, а во организација на Светската банка и Ин­сти­ту­тот Отворено општество, се сретнаа на меѓународна конференција и ја потпишаа Декларацијата за иници­ја­тивата „Декада за интеграција на Ромите”.
На втори февруари стартува меѓународната Декада на Ромите 2005-2015 година
Подобар живот за најмаргинализираното малцинство во Европа
Според официјалните извори во Македонија живеат 65.000 Роми. Најголем дел од нив, 85 отсто, живеат од социјална помош, во населби без потребна инфраструктура, во субстандардни услови, изолирани од останатото население, а многумина поради тоа што немаат друг излез се оддаваат на питачење. Од 400 регистрирани деца на улица сите се Роми.
МРФП
Како до заем од МРФП
Македонската развојна фондација за претпријатија е основана во 1998 г. со главна цел за поддршка на можностите за вработувања и развој на микро и малите бизниси. Заемите се дел од Програмата за финансиски услуги на МРФП.

Од основањето до денес, МРФП преку финансиските посредници пласирал близу 11.400.000 евра, до 2516 клиенти.
Промените се случуваат
Кој го украде моето сирење?
Ова е приказна за 4 мали суштества кои имаат човечки карак­те­рис­ти­ки. Две од нив се глувчиња, а дру­гите две се мали „човечиња”. Си­те чет­во­ри­ца се соочуваат со неочекувана про­мена, го снемува сирењето кое е не­оп­ход­но за нив­ни­от опстанок и се принудени да талкаат низ лавиринтот за да го најдат.
љ & а
КАКО ДА СЕ ПОВРАТИ ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ?
Од воведувањето на данокот на додадена вредност до денес граѓанските и другите меѓународни организации, преземаат активности за враќање на ДДВ. Која е законската рамка и како е тоа регулирано? На ова прашање, како одговор пренесуваме дел од Законот за ДДВ.
Интервју: Џесика Кук, регионален претставник на организацијата Помош на ракотворците (Аид то Артисанс)
Во занаетчиските производи луѓето пронаоѓаат дел од себе
Одбравме да работиме во Македонија поради македонската традиција во занаетчиството, поради изработките, поради испреплетеноста на влијанието на историјата и на разните култури на Балканот кои се огледаат во македонската занаетчиска традиција
Бидете подготвени
Одредени проблеми може да ги решаваме одделно, но за некои од нив навистина е потребно заедничко делување во регионот
Ситуацијата во регионот во однос на граѓанскиот сектор во д­р­жа­вите може да се подобри само со правење мрежа меѓу гра­ѓа­нските организации и со заедничко дејствување во го­ле­ми про­­екти во регионот, кои ќе имаат за цел негова обнова и раз­вој. Интересно е дека во изминатиов период во Македонија се реализираа безброј проекти кои навистина помогнаа во развој на граѓанското општество, иако сметам дека с$ уште се по­требни активности кои би требало да придонесат за уште по­го­лем развој.
Светскиот форум бара решенија за војната и сиромаштијата
Отпор кон глобалната доминација на мултинационалните корпорации
Програмата овој пат беше повеќе насочена кон поблиска соработка со грасрут-организаторите, наместо да се потпре на етаблираното раководство на форумот 
Лицата со интелектуална попреченост и вработувањето
Борба за поголемо присуство во општеството
Во трговскиот центар Бисер во Скопје е сместен Днев­ни­от центар на згрижување на лицата со интелектуална попреченост во кој корисниците започнуваат да до­аѓаат во 7 часот наутро, време кога и другите скопјани брзаат кон работните места, во училиште, во градинка.
Глобален еколошки фонд
Македонија вклучена во Програмата за мали грантови
“Апликацијата за вклучување на Ре­пуб­лика Маке­до­нија во Про­гра­ма­та за мали грантови на Глобалниот еко­лош­ки фонд, доставена од Минис­тер­ство­то за животна средина и просторно пла­ни­рање преку постојаниот прет­став­ник на Програмата за развој на Обе­ди­не­ти нации (УНДП), е прифатена”, извести на почетокот на годинава, канцеларијата за развој на Обединетите нации. Во пери­о­дот кој следува, треба да биде избран на­ционален координатор и да се фор­ми­ра национален комитет, со што ќе се прист­апи кон подготовка на Нацио­нал­на­та стратегија на Македонија во оваа сфе­ра. Повикот за грантови ќе биде обја­вен во првата половина на годинава.