Здружение на студенти и младинци со хендикеп
Излезе првиот број на Сим-Поп ДОСИЕЗдружението на студенти и младинци со хендикеп на 1 јуни го промовираше првиот број на месечникот Сим-Поп ДОСИЕ. На 40 страници во боја, можат да се најдат информации од областите кои ги интересираат младите луѓе. Една од спецификите на списанието се страниците напишани со Браево писмо со што содржините стануваат достапни и за младите со оштетен вид. |  |
Движење на екологистите на Македонија
5 ЈУНИ СВЕТСКИ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНАДвижењето на екологистите на Македонија, по повод 5-ти јуни, Светскиот ден заштита на животната средина, испрати пороглас до медиумите за да ги потсети граѓаните на проблемите на животната средина и потребните активности поврзани со нејзината заштита. |  |
СОЖМ
„Жените тоа го можат„Петтата годишна - Регионална Конференција ,,Жените тоа го можат“ ќе се одржи од 8 до 10 јуни во Охрид, во хотелот Белведере. Организиатори на конференцијата се Сојузот на организациите на жените на Република Македонија во соработка со Норвешката Народна Помош. |  |
Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“
12 ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕТСКИОТ ТРУДПо повод Меѓународниот ден против злоупотреба на детскиот труд, „Меѓаши“ потсетува дека, и покрај тоа што Република Македонија пред 6 години ја ратификуваше Конвенцијата против злоупотреба на детскиот труд, состојбата и понатаму е повеќе од алармантна. Над 18.000 деца не се вклучени во системот на образование, а најмалку 1.000 деца го поминуваат своето детство на улица, живеејќи под ведро небо и без родителска грижа и надзор. |  |
Покана за семинар
НОВИТЕ ОДРЕДБИ ВО ДАНОЧНИТЕ ЗАКОНИ КОИ ГИ ЗАСЕГААТ ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИНа 13 јуни 2007 година (среда), од 11 до 14:45 часот, во ресторанот „Парк“, во Куманово, ќе се одржи семинар на тема: „Новите одредби во даночните закони кои ги засегаат граѓанските организации“. Семинарот ќе одговори на прашањата: Кои се новите измени во даночните обврски за непрофитните организации?; Кои видови на приходи се изземени од оданочување?; Дали треба да плаќаме данок на добивка и на приходите од членарина?; Дали на граѓанските организации им е дозволено да вршат трговска дејност? |  |
ГПМ, МЦМС и ЦГИ
Семинар за новите даночни одредби за Граѓанските организацииВо име на членките на Граѓанската платформа на Македонија, Центарот за граѓанска иницијатива (ЦГИ) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) имаат чест и задоволство да ве поканат на семинар на тема “Новите одредби во даночните закони кои ги засегаат граѓанските организации“ кој ќе се одржи на 28.06.2007 во периодот од 11:00 до 15:00 часот во Фондација за поддршка и развој – Прилеп. |  |
|