Здружение на студенти и младинци со хендикеп
Излезе првиот број на Сим-Поп ДОСИЕ
Здружението на студенти и младинци со хендикеп на 1 јуни го промовираше првиот број на месечникот Сим-Поп ДОСИЕ. На 40 страници во боја, можат да се најдат информации од областите кои ги интересираат младите луѓе. Една од спецификите на списанието се страниците напишани со Браево писмо со што содржините стануваат достапни и за младите со оштетен вид.
„Ова ДОСИЕ“, вели Даниела Стојановска, главен и одговорен уредник на списанието, „е магазин на младоста која ги почитува различностите по основ на возраста, полот, етничката припадност, хендикепот... чии страници гласно ќе говорат за младешкиот ум кој со брзина на светлината ја сфаќа и применува пораката за заедништво меѓи младите - бидејќи во заедништвото е моќта, а во отворениот и бистар ум е вистината, љубовта и меѓусебното почитување“, вели Стојановска во уводникот на привиот број на списанието.
Повеќе за списанието на www.dosie.com.mk
|