Отворете ги прозорците
Нови можности за лицата со хендикеп
Здружението на граѓани “Отворете ги прозорците” е основано во април 2005 година. Мисијата на здружението е промоција и олеснување на пристапот до информатичка технологија за лицата со хендикеп. Здружението се раководи според верувањето дека информацијата и знаењето треба да бидат пристапни за сите. Во активностите спроведени во 2005 година биле инволвирани 15 лица со хендикеп, кои ги користеле услугите на здружението и им бил овозможен пристап до информатичка технологија.