Отворете ги прозорците
Нови можности за лицата со хендикеп
Здружението на граѓани “Отворете ги прозорците” е основано во април 2005 година. Мисијата на здружението е промоција и олеснување на пристапот до информатичка технологија за лицата со хендикеп. Здружението се раководи според верувањето дека информацијата и знаењето треба да бидат пристапни за сите. Во активностите спроведени во 2005 година биле инволвирани 15 лица со хендикеп, кои ги користеле услугите на здружението и им бил овозможен пристап до информатичка технологија. Активностите се поддржани од Хендикеп интернационал. Исто така е спроведена и една обука за 7 учесници од различни институции, здруженија и индивидуалци кои се запознале со основите на пристапната технологија, а по завршувањето на обуката имаат можност и да ги пренесат своите знаења во организациите од каде што доаѓаат. Иновативниот центар подготвил материјали за првите четири упатства “како да направиш...”.
С$ повеќе работни места бараат знаење за работа на компјутер, а употребата на комјутерите го олеснува образованието и учењето. Специфична потешкотија за лицата со хендикеп е потребата од специјална адаптација на комјутерите. “Отворете ги прозорците” нуди нов и оригинален пристап за лицата со хендикеп, за нивно учество во е-образованието.
Екипата на здружението се наоѓа во Скопје, но нивните активности ќе ги реализираат и низ Македонија, но тие во иднина размилсуваат да спроведуваат активности и низ балканскиот регион. Основачите на здружението го разбираат хуманитарниот сектор и имаат широко познавање и искуство во работата со индивидуалци и организации со хендикеп. Тимот на “Отворете ги прозорците” е составен од поранешни вработени во Хендикеп интернационал. Активностите на здружението ги финанцира Хендикеп интернационал од Франција и Фондацијата Е-Македонија. Здружението се наоѓа на адресата бул. “Партизански одреди” бр. 62-1/16, во Скопје.
|