Коментар
Пролет, но дали навистина се се буди?
ојде и оваа пролет и 21 март веќе по традиција во поголем дел од земјава се одбележа со садење дрвца, со чистење на зелените површини, со изложби на детски цртежи, со делење награди за проекти од областа на животната средина, со предавања во училиштата и др. Со години наназад, овие денови се исполнети со стереотипни и очекувани активности во чиј центар се младите и најмладите, а во редот на возрасните се вбројуваат наставниците , градоначалниците, по некој министер и, се разбира, претседателот на државата.