НАСТАНИ
Лауреати - „Меѓаши”, Кристина Дикинсон и Јосиф ТаневскиНа свечен начин, на 21 јуни, МЦМС во своите простории ги додели првите награди за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн” и за граѓанско општество и демократија, воспоставени прват оваа година. Лауреатите на МЦМС се: Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” (Награда за граѓанско општество и демократија 2000 за долгогодишни постигнувања), г-дин Јосиф Таневски (Награда за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн” 2000 за долгогодишни постигнувања) и г-ѓа Кристина Дикинскон (Награда за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн” 2000 за постигнувања од претходната година). Предвидените награди за граѓанско општество и демократија, за постигнувања во претходната година и за јавност и информирање или соработка, годинава не беа доделени. |  |
НАСТАНИ
Дистрибуција на хуманитарна помош...Македонскиот центар за меѓународна соработка подготвува хуманитарна помош за 800 раселени лица поради терористичките напади во Арачиново и околината, сместени во три јавни установи: „Ранка Милановиќ”, „Димитар Влахов” и „Партение Зографски” и во два ученички дома: „Здравко Цветковски” и „Томе Стефановски – Сениќ”.
|  |
|