Организатор: Организациски одбор
Пленарна сесија: Како до стратегија за дијалог и соработка помеѓу државата и граѓанскиот сектор?
На 17 Декември ќе биде одржана Национална конференција на која се очекува да бидат дефинирани почетните точки за договор за соработка и партнерство меѓу Владата и НВО, но исто така ќе бидат дефинирани и насоките што треба Владата да направи во наредниот период
Организатор: Нов живот/Македонски волонтери за акција
Панел-тема: “Волонтерството во Македонија”
Волонтерите треба да се категоризираат според тоа дали се со постојан или повремен ангажман и јасно да им се одредат одговорностите. Освен во граѓанските организации, одлична можност за развој на волонтерството во Македонија е и волонтирањето во државните институции
Организатор: Здружението на граѓани за заштита на човековото достоинство и професија во јавната управа и јавните служби во Македонија
Панел-тема: “Реформа во јавната управа и јавната администрација”
Дискутантите предочија многу аномалии во процесот на реформата на јавната администрација и сите овие работи треба прекршочно да се регистрираат и за нив да се покренат постапки
Организатор: Организациски одбор
Пленарна сесија: “Промени во законот за Здруженија на граѓани и фондации- организации од јавна корист”
Со промените, правни лица ќе имаат можност да формираат Здруженија на граѓани, ќе биде избришан условот основачите да имаат државјанство, постои можност тие да можат да работат и пред формално да бидат регистрирани, а малолетни граѓани, исто така, ќе добијат можност да основаат Здружение на граѓани.
НВО САЕМ форум 10 Организатор: Сојуз на организации на жени на Република Македонија-СОЖМ Институт за трајни заедници
НВО САЕМ форум 6 Организатор: Фондација Институт Отворено општество Македонија/ Институт на трајни заедници
НВО САЕМ форум 5 Организатор: Здружение “Нов живот” – Штип; ИТЗ
НВО САЕМ форум 1 Организатор: Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Р.М.
Промоција: Здружение за унапредување на лекувањето, рехабилитација и ресоцијализација на лица што злоупотребуваат дроги и други психоактивни супстанции “Доверба”
Тема: Борба против дрогата во борба за младите
Панел: Одржливост на граѓанскиот сектор во РМ- алтернативни можности за финансирање
Тема: Важноста на индивидуални донации и надминување на синдромот на зависност од грантови
Воведно излагање на тема: "Дали децентрализацијата ќе придонесе за поголема локална демократија" во делот "Какви се и ќе бидат можностите и капацитетите на НВО за соработка со локалната самоуправа"
Почитувани, во мое лично име и во името на членовите на "Друштвото на родители за грижа за задраво поколение" од Велес упатувам благодарност до Организацискиот и Програмскиот одбор на НВО Форумот, за укажаната чест да бидам воведничар на панелот на тема: "Дали децентрализацијата ќе придонесе за поголема локална демократија" во делот "Какви се и ќе бидат можностите и капацитетите на НВО за соработка со локалната самоуправа".