|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Животна средина: „НИЈАЗИ БЕЈ“
Младите и алтернативниот туризам во Преспа
Невладината организација „Нијази Беј“ и нејзиниот партнер „Музичка младина“ од Ресен на 5 август 2003 година го промовираа проектот „Вклучување на младите во развојот на алтернативниот туризам во трансграничниот регион на Преспа“. Проектот е финансиски поддржан од Институтот за трајни заедници.
Целта на проектот е да се намали невработеноста во регионот на Преспа, преку зголемување на бројот на вработени млади лица во алтернативниот туризам. Големиот број локални природни, културни и археолошки атракции, како што изјави координаторот на проектот Џемал Мехмед, се идеални за организирање алтернативни форми на туризам. За таа цел ќе биде направен детален план за организирање на трите алтернативни форми на туризам (тури со бротчиња, културен и еко-туризам).
Организаторите на проектот, исто така, го најавија почетокот на посетите на локалните атракции, културни и историски споменици, археолошки локации и организање 40-дневна практична и теоретска едукација на млади луѓе за алтернативните форми на туризам. Пошироката јавност во Македонија ќе биде информирана за атракциите во регионот на Преспа како туристичка дестинација преку кампањи со ТВ и радиоемисии, написи во дневните весници и огласи.
Г.Ш.
|
|
|
|
|