Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Демократија и човекови права

   

СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА

Да победам, или да бидам храбар обидувајќи се

На 17 декември минатата година, во Скопје се одржа основачкото собрание на Спе­цијалната олимпијада, која сега веќе е регистрирана како здружение на граѓани. Ова здружение е основано од група ентузијасти, кои имаат за цел да помогнат во ин­те­грацијата на лицата со интелектуална по­преченост во општествениот живот. Својата цел тие ќе се трудат да ја постигнат преку спортско ангажирање на овие лица.

- Мисијата на Специјалната олимпијада е да се обезбедат услови за интеграција и ресо­цијализација на лицата со ментален хен­дикеп. Специјалната олимпијада претставува фондација, иницирана од познатото амери­канско семејство Кенеди. Ја креира Џозеф Кенеди, по инспирацијата на Јунис Кенеди. Во светот тоа е мошне респектирана ин­ституција, поддржана и промовирана од многу јавни личности. Големите ѕвезди, како Стинг, Џон Бон Џови и други, за Божиќ подготвуваат ЦД чиј приход се донира во оваа фондација. Нешто слично се обидуваме да направиме и тука - наш член е г. Иво Јанковски од продукцијата „Трето уво“ кој прави обиди да ја реализира оваа идеја, а разговаравме и со Авалон продукција, која ни даде поддршка. Се надеваме дека ќе имаме вакво ЦД напролет. Имаме поддршка и од бизнис-секторот: од Сискон, а пре­говараме и со Телеком, Мобимак, Кометал, Скопската пиварница. МТВ и А1 ни дадоа целосна медиумска поддршка. Исто така, имаме голема поддршка од претседателот на Македонија, г. Борис Трајковски и г-ѓа Флорија Љатифи од неговиот Кабинет, а се обративме и до Министерството за млади и спорт. Соработуваме и со Светската банка, УСАИД, ФИООМ и други домашни орга­низации, меѓу кои и здружението “Порака”, вели г. Огнен Стаматоски, директор на Специјалната олимпијада - Македонија.


„Да победам. Но доколку не можам, да бидам храбар во обидот.“
Мотото на Специјалната олимпијада

Иако сe уште не беше формално ре­ги­стрирано здружението, г. Стаматовски и неговите соработници спроведоа неколку активности во текот на минатата година:  една пинг-понг екипа составена од деца учествуваше на Балканското првенство на Специјалната олимпијада во Бања Лука, а во април 2002-та, македонската фудбалска екипа го освои третото место на Специјалната олимпијада на три континенти, што се одржа во Атина. Се подготвува учество на го­динешниве Олимписки игри, од 20 до 29 јуни, каде Специјалната олимпијада - Македонија ќе има неколку свои нат­пре­варувачки екипи.

- Овие успеси, но и самото учество е голем стимул за лицата со ментален хендикеп. За нас е најважно да ги мотивираме и децата и родителите, да ги привлечеме и оние кои не се во институциите. За жал, многу од нив се повлечени и речиси “скриени”, а ние сакаме да ги охрабриме, да ги вклучиме во општес­твените текови. Истовремено, важно е да се делува на јавноста за нивно што пошироко прифаќање и да се надминуваат пред­расудите - вели г. Стаматоски.

М. Иванова

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

Демократија и човекови права

СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА
Да победам, или да бидам храбар обидувајќи се
На 17 декември минатата година, во Скопје се одржа основачкото собрание на Спе­цијалната олимпијада, која сега веќе е регистрирана како здружение на граѓани. Ова здружение е основано од група ентузијасти, кои имаат за цел да помогнат во ин­те­грацијата на лицата со интелектуална по­преченост во општествениот живот. Својата цел тие ќе се трудат да ја постигнат преку спортско ангажирање на овие лица.
„Пријатели на Македонија“
Регионален камп за демократија - општина Зелен Град
Граѓанската организација „Пријатели на Македонија“, по втор пат, го организира „Регионалниот камп за демократија - општи­на Зелен Град“, кој се одржа во средношколскиот интернат „Боро Менков“ во Крива Паланка од 13 до 22 јануари 2003 година. Целта на кампот беше преку еду­кативен интерактивен процес на симулација да се стекнат знаења за функционирањето на локалната заедница.
ЕВРОПСКА КОМИСИЈА
Информативни точки…
Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, во рамките на својата Информативна работна програма, започна процес на отворање на инфор­мативни точки на ЕУ во рамките на по­стојните општински центри за информирање на граѓаните.

Животна средина

МЖСПП И РЕЦ
Јавна кампања “Заедно до почист воздух”
РЕЦ
Проценка на влијанијата врз животната средина

Култура

Локална самоуправа

ЗДРУЖЕНИЕ НА ТУРЦИТЕ „ЧЕЛЕБИЈА“
Битола, бабам Битола

Во рамките на проектот Битола, бабам Битола, што го спроведува Здружението на Турците „Челебија“ од Битола, на 24 јануари годинава, во овој град се одржа трибина на тема „Културните вредности на Битола“, на која воведничари беа г. Ѓунер Исмаил и г. Иван Додовски.
ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Средби меѓу граѓаните и пратениците од ИЕ 1
Во општината Кисела Вода почна да работи Канцеларија за комуникација меѓу граѓаните и парламентарците кои беа кандидати во изборната единица 1 – г. Зоран Шапуриќ, г. Игор Ива­новски, г-ѓа Каролина Ристова и г-ѓа Благородна Мингова-Крепиева.
 

©MCMS - designed by KOMA