среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 1

   

100 години македонска државност - граѓанските иницијативи низ тој период

 

Мишо Докмановиќ

Граѓанските иницијативи и македонското прашање во периодот од Илинденското востание до Версајската мировна конференција

Знам само две трагични истории во светот – онаа на Ирска и онаа
на Македонија. И двете биле лишувани и измачувани.

Роџер Кејсмент
ирски патриот

Илинденското востание е големо дело на „малиот“ македонски народ. Без оглед на сојузот на сите непријатели против неговата слобода – Османлиската империја, соседните држави и двата меѓусебно спротивставени блока на големите империјалистички сили - Илинденското востание е пример за јуриш кон ѕвездите на еден народ, пример за саможртва на сопственото ослободување и самоопределување. Востанието во себе ги обединува жртвите на многу македонски синови и ќерки положени за време на петвековното турско ропство на олтарот на татковината. Иако крваво задушено, Илинденското востание останува да постои како вонвременски настан во македонската историја, настан кој претставува меѓник на македонската државност.

Републиката што се роди од пазувите на востанието, со својата величина создаде трајни морални вредности кои со силата на револуцијата се наложија во свеста на современиците и потоа. Токму тие морални вредности ќе бидат основа на сите иницијативи што ќе следуваат во периодот по Илинденското востание. Носители на тие иницијативи ќе бидат обични луѓе, луѓе кои ја сакаат својата татковина, луѓе кои знаеле колку е мачен и трнлив патот кон независноста.

Токму тие македонски интелектуалци во периодот по Илинденското востание ќе се обидат да  ја активираат меѓународната јавност, владите на големите сили за големите неправди што ќе &  бидат нанесени на Македонија во периодот до Версајската мировна конференција, во трите пресвртни години (1903, 1913, 1919 г). Овој труд е фокусиран на граѓанските иницијативи во овој период и претставува еден скромен придонес кон прославата на стогодишнината на македонската државност.            

 

„Црвени мракобесници“1

Последиците од задушувањето на Илинденското востание ќе бидат катастрофални, како за населението, така и за револуционерната организација. Обид за консолидација  е извршен на Рилскиот конгрес на организацијата на кој победува концепцијата на левицата на организацијата која јасно се изјаснува против бугарскиот државнички национализам.

Во периодот од Рилскиот конгрес до Младотурската револуција не беа евидентни поголеми граѓански здружувања. Овој период претставува еден од најтешките за македонското националноослободително движење. Од една страна, соседните држави забрзано распоредуваат свои чети на македонска територија, а од друга страна, расколот помеѓу левицата и десницата на револуционерното движење станува с$ поевидентен.   Меѓутоа, по Младотурската револуција доаѓа до формирање на Народната федеративна партија чија политичка програма се заснова на политичката програма на левицата на ВМОРО, т.е. на идејата за формирање источна федерација.

Во своите политички активности, Народната федеративна партија се залага за создавање демократски поредок кој ќе отвори простор за слободно изразување на малцинствата. Истовремено, оваа партија се залага за воведување слобода на печатот, на здружување, на митинзи, и штрајкови, но и за воведување на основните институти на парламентарната демократија, како што е министерската одговорност. Покрај тоа, НФП енергично се залага за добивање статус на признати институции на црковноучилишните општини, за решавање на аграрното прашање, како и за заштита на економските интереси на населението. Не случајно, австрискиот конзул Пара во Солун ќе забележи: “Народната федеративна партија, поради својата програма, станала социјалдемократско здружение”.

Доста илустративен е говорот на пратеникот Димитар Влахов, еден од четворицата македонски пратеници избрани на изборите во 1908 година, во Отоманскиот парламент во 1910 година. Во овој говор, Влахов јасно се залага за стимулирање на земјоделците, за промена на финансиската политика, за привлекување странски капитал и за воведување на прогресивно-пропорционалниот систем на оданочување. Зачудувачки е колку говорот е актуелен и од денешна временска точка, имајќи ја во предвид временската разлика од преку деведесет години.

Не помалку важни се и активностите на уште еден македонски пратеник во Отоманскиот парламент, Панче Дорев. Тој заедно  со групата собрана околу весникот “Светлина“ имаше за цел да го организира и да се стави на чело на македонското граѓанско општество преку зближување на Македонците со Турците како баланс на бугарско-грчката коалиција, како и преку реформирање на самата држава . За жал, овие активности, како и многу пати пред тоа, не наидоа на успех.

Сепак, мора да се повлече дека создавањето на НФП претставува повисока етапа во развојот на ослободителното движење. Појавата на оваа граѓанско демократска организација, но и младотурското уставно владеење, претставуваат директен поттик за раздвижување на сите средини на македонското општество. Во овој период се појавуваат голем број културно-просветни, професионални, политички и музички здруженија, а истовремено се активирала и издавачката дејност. Таква е, на пример, профионалната асоцијација “Учителска организација” која се залагала за одбрана на граѓанските и политичките права на учителите, демократизација и исчистување на училиштата од шовинизам и клерикализам.     

 

Македонски глас

Според мене, Македонецот не може да се нарече ни Бугарин, ниту Србин, 
туку просто Македонец.

Рудолф Арчибалд Рајс
Универзитетски професор

Граѓанските иницијативи против наметнувањето нова, потешка власт над Македонија, против “заменувањето на турското ропство со христијанско”, против опасноста од поделба на Македонија од страна на трите балкански претеденти, биле покренати и од страна на Македонците кои живееле надвор од Македонија. Во оваа активност во периодот по отфрлувањето на турската власт предничи Македонското научно-литературно другарство под формата на Македонската колонија во Петроград, тогашната руска престолнина, и нејзиниот најистакнат активист – Димитрија Чуповски.

Во почетокот нивните настојувања се состоеле во обидот да се избере и испрати една делегација на Лондонската мировна конференција со цел создавање слободна македонска држава. По доживеаниот  неуспех, активистите, меѓу кои и Димитрија Чуповски, биле протерани и принудени да се вратат во руската престолнина каде што својата активност ја продолжиле преку весникот “Македонски глас”.

Весникот “Македонски глас“ излегувал со цел да ја придобие руската јавност на македонска страна во пресвртното време на балканските војни и почетокот на Првата светска војна. Особено внимание привлекува текстот на Димитрија Чуповски “Македонија и Македонците“, објавен во 1913 година. Во текстот ја дава генезата на македонскиот народ од неговото населување на Балканскиот Полуостров па сe до актуелните настани во тоа време. Притоа, ја нагласува улогата на светите браќа Кирил и Методиј, значењето на формирањето на Охридската архиепископија, но и последиците од нејзиното укинување, за на крајот да се задржи на потребата од поголема поддршка во решавањето на македонското прашање од страна на Русија.

Покрај овие активности, македонската колонија во Петроград се обратила со повеќе меморандуми до мировната конференција во Лондон (март 1913 година), до владите и сојузните балкански држави и Балканскиот комитет во Лондон (јуни 1913 година), познат под името “Меморандум на Маке­донците”, барајќи признавање на правото на самоопределување и конституирање на Македонија како самостојна држава во своите етнографски и културно-историски граници со своја сопствена влада. Освен тоа, во овој меморандум се нагласува посебноста на народот кој има своја историја, начин на живеење, своја некогашна државност и свои идеали. Воедно, во овој меморандум се бара да се воспостави древната Охридска автокефална црква, која ќе се наоѓа во канонско единство со другите православни цркви: грчката, руската, бугарската, српската, романска и сириско-арапската; како и свикување национално уставотворно собрание во градот Солун, избрано по пат на општо гласање.

Исто така. по склучувањето на мировниот договор во Букурешт во 1913 година, “Македонски глас“ во повеќе натписи бара да се осуди овој договор, дефинирајќи ја новосоздадената ситуација како окупација, вмешувањето на соседните држави како меѓународно разбојништво, а претставниците на македонската интелигенција на еден собир донесуваат и Резолуција во врска со ова прашање.

Граѓанските иницијативи се актуелни и во годините што следуваат. Во предвечерјето на Првата светска војна во светското јавно мислење, а особено во Русија, се изградува ставот за постоење потреба за создавање независна македонска држава. Овој став е промовиран од страна на специјалната комисија на Советот на друштвата на словенска заемност преку Резолуција за македонското прашање. Во оваа резолуција се истакнува дека со признавањето на самостојна Македонија нема да се засегне ни српското, ни бугарското, ни грчкото самољубие и дека најправилно решение на проблемот е да се образува целокупна и независна Македонија со издвојување на деловите заземени од соседните земји во 1913 година.

 

Граѓанските иницијативи кон крајот на Првата светска војна и за време на Мировната конференција во Париз

Граѓанските активности во врска со македонското прашање аксцелерираат кон крајот на Првата светска војна. Тоа е логично со оглед на фактот што речиси секоја војна, особено војната од размерот на Првата светска војна, завршува со мировен договор со кој, меѓу другото, треба да се решат и отворените прашања коишто постоеле со самото започнување на војната.

Во овој период мора да ги истакнеме активностите на Македонскиот раволуционерен комитет во Петроград, основан во текот на 1917 година. Овој комитет излегува со програма со која решавањето на македонското прашање го гледа во создавањето балканска федеративна демократска република составена од следните федерални републики: Македонија, Албанија, Црна Гора, Грција, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Тракија. Самата програма во своето заглавје го носи слоганот: “Балканот за балканските народи. Полно самоопределување за секоја нација“.

Жива активност развила и македонската емиграција во Швајцарија. Тие организирале повеќе свои друштва борејќи се за слободна, неделлива Македонија во нејзините етнички и географски граници. Тука ќе ги спомнеме “Македонското друштво за независна Македонија“, основано  од д-р Коцарев со седиште во Женева, политичкото друштво “Македонија на Македонците“ со седиште во Цирих, Друштвото за заштита на правата на Македонците со седиште во Лозана, како и подоцна формираниот Генерален совет на македонските друштва во Швајцарија2. Во правилникот на политичкото друштво “Македонија на Македонците“ е определено дека целта на друштвото е да работи на остварувањето независна Македонија, борејќи се против секакво странско влијание и да го запознава јавното мислење со вистинската ситуација во Македонија. За остварување на овие цели друштвото се служело “со печатот, со објавување брошури, организирање политички конференции, дискусии, другарски средби и организирање јавни собири и вечеринки”.

Главниот совет на македонските друштва во Швајцарија повеќепати се обратил со телеграми и апели до мировната конфереренција во Париз. Во еден меморандум, Главниот совет се залага за воена окупација на Македонија, но и за времена управа доверена на претставници на македонскиот народ, како и за враќање на сите Македонци во татковината. Во “Апелот до цивилизираниот свет” се изнесува барањето за создавање независна Македонија под протекторат на една голема сила и воведување кантонална управа по примерот на Швајцарија, со цел да им се обезбеди на сите малцинства, без разлика на јазикот и верата, апсолутна еднаквост во нивниот економски и духовен развиток.  

 

Заклучок

Од овој скромен и краток преглед на граѓанските иницијативи во периодот од Илинденското востание до Версајската мировна конференција можат да се извлечат повеќе заклучоци за карактерот, природата на граѓанското организирање и да се направи паралела со денешните организации од тој тип. Мора уште на самиот почеток да се подвлече дека се работи за период во кој демократијата била мисловна именка што самото по себе може да н$ навлече на заклучокот дека во едно феудално општество во распаѓање е невозможно да постојат форми на граѓанско организирање, а уште повеќе е невозможно да се споредат тие иницијативи со оние што денеска постојат во нашето секојдневие. Понудениот историски преглед нуди сосема поинаква слика, слика којшто ни порачува дека не само што може да се споредат граѓанските активности, туку можат и рамо до рамо да се носат со оние денешните.

Притоа, неизбежно е да се нагласи нивната политичка обоеност која произлегува од самиот факт што граѓанските иницијативи биле фокусирани кон промена на постојните општествени односи од феудален карактер и нивна замена со демократски општествен режим. Посакуваните промени биле изводливи единствено преку револуционерна вооружена  борба, при што употребата на евентуални политички методи би била сведена на минимум. Во тој контекст, низ целиот париод, којшто беше предмет на наша анализа, очигледно е дека носителите на граѓанските иницијативи имале мошне солидни познавања на принципите на либералната демократија што се гледа во самото устројство на Крушевската Република, залагањата за формирање уставотворно собрание, воведувањето на министерската одговорност, за воведувањето одредени социјални права3, како и правото на слобода на изразувањето, како и враќањето на бегалците. Покрај тоа, тука мора да ја апострофираме активноста на македонската група во Петроград која со понудената програма го прескокна времето и просторот во кој се појави и во извесна смисла претставува антиципација на државното уредување во Југославија.

Исто така, кристално јасна е сличноста која постои помеѓу граѓанските иницијативи некогаш и денес во однос на примената на средствата за постигнување на целта. Средствата што, еџемпли цауса, ги користело политичкото здружение “Македонија на Македонците” се идентични со оние методи на анимирање на јавноста што се користат и денес (митинзи, собири, апели, резолуции, предлог-програми итн). Во тој правец мора да се посвети внимание на фактот што огромен број професори, новинари, парламентарци, писатели се зазеле за решавање на македонското прешање во полза на македонскиот народ. Доволно е само да се види листата на почесни членови на Главниот совет на македонските друштва во Швајцарија и с$ е јасно. Сите тие верувале дека со нивните граѓански иницијативи ќе го помогнат македонското националослободително движење. 

Почитувањето на правата на малцинствата е уште еден сегмент кој зазема значајно место во активностите во овој период. Со самото создавање на Крушевската Република, во нејзиниот Манифест беше нагласен мулти­етничкиот карактер на државата во која Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите  ќе живеат рамноправно. Тоа уште еднаш покажува дека потребата од етнички соживот постоела уште многу одамна.

Од аспект на денешните случувања, интересен е фактот што голем број од опфатените организации ја нагласувале потребата од возобновување на Охридската архиепископија и воспоставување канонско единство со другите цркви во православната екумена.

Сумма суммарум, можеме да заклучиме дека првенствено граѓанските иницијативи биле насочени кон политички промени на статусот на Македонија и на македонската нација, но и дека тие се занимавале се секојдневните проблеми на населението. Иако овие иницијативи не вродиле со успех, тие одиграле извонредна улога во зачувувањето на идентитетот и во јакнењето на самодовербата на македонската нација. Токму овие работи ќе имаат пресудно значење во создавањето на македонската држава како федерална единка во поствоена Југославија, но и во прогласувањето самостојна и независна Република Македонија на референдумот одржан на 08.09.1991 година.

Ова мое излагање би сакал да го завршам со цитат од предговорот кон “Македонска крвава свадба” од Војдан Чернодрински: “Што напишав јас? - Ништо не напишав. Јас го препишав од сe уште ненапишаната историја на Македонија... Успеав ли? Дали точно препишав? - Не знам; за тоа нека се искажат господата критичари. Ако сум успеал, се радувам, ако пак не, сиот грев го фрлам на оние што можат поубаво да ја извршат оваа работа, која мене не ми беше по силите...”.

 


1 Термин користен за раководителите на НФП од страна на бугарската егзархија.

2 организација основана со обединување на трите најбројани македонски друштва во Швајцарија на 15.12.1918 г. со основна цел за применување на принципите на претседателот Вудро Вилсон, т.е. да му се даде право на македонското население слободно да располага со сопствената судбина

 

3 социјалните права како уставна категорија се јавуваат во Вајмарскиот устав донесен во 1919 година во Германија.

 



 

 

 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA