Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Пилот број Јануари 2001  Вовед

Зошто Граѓански СВЕТ?

Во средината на 1996 година Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го издаде пилот-бројот на "НВО Билтен". Тогаш беше напишано дека тоа е "уште еден инструмент во зајакнување на гласот на граѓанското општество".

А, за улогата и значењето на тоа граѓанско општество во написот "Зошто НВО-исти а не материјалисти, надреалисти или дефе­тисти?" Зоран Костов  ќе напише: "прво" и се чини најнепријатно, дека во Македонија добар сегмент од популацијата, вклучувајќи и дел од т.н. општествена елита, не ги сфаќа ниту поимот, ниту суштината на постоењето на НВО, второ, дека зад многу невладини организации не стои реално и легитимно изразен интерес на мотивирани граѓани, туку ентузијазам на поединци или, поретко, гол автоматизам во пресликувањето на европските стандарди, и трето, дека е евидентно, во голем број случаи, неразбирање од државата, односно отсуство на партнер за дијалог". Причините или олеснувачките околности се гледаат во "немањето никава традиција ниту искуство со предизвиците на цивилното  општество и артикулацијата на граѓанските иницијативи, притоа, заедно со непостоењето на соодветна регулатива и преоп­товареноста на поединецот со егзистенцијални проблеми".

И покрај почетните потешкотии во обезбедувањето информации "НВО Билтенот" постигна редовност во издавањето и соодветност на содржините. МЦМС во текот на 1998 година објавуваше и "НВО страна" во дневните весници со цел да достигне до поширок круг на луѓе. "НВО Билтенот" како и целата програма "Јакнење на граѓанското општество" беа завршени кон крајот на 1998 почетокот на 1999 година.

"НВО Билтенот" требаше да се подобри во неколку правци: да се подобри достапноста и надвор од раководствата на НВО, да биде "попријателски спрема читателите" и да се зголеми навременоста на информациите.

Во 1999 година косовската криза измести многу нешта. МЦМС оцени дека е клучно да го даде својот максимален при­донес во совладувањето на последиците на косовската криза и одлучи сите свои ресурси да ги на­сочи кон итните операции, под името "Прибежиште Македонија". И покрај гордоста за постигнатото, МЦМС се соочи со дисконтинуитет во своите основни активности, што особено се почувствува во дисконтинуитетот на активностите во граѓанското општество.

Но, еве нe сега по две години прекин повторно со списанието за граѓанското општество во Македонија "Граѓански свет".

Во овие две години многу нешта се променија. Македонија е во криза на довербата кон политичарите и политичките партии како основен и единствен инструмент за решавање на проблемите во развојот на општеството. Тоа полека создава простор за самооргинизирање на граѓаните и промоција на НВО  како актери во развојот на општеството. Одредени НВО похрабро зачекорија од хуманитарци во активисти кои ја обликуваат јавната свест. Окуражени со почетните успеси - во последните пет години, одредени НВО не се веќе клубови на ентузијасти туку организации кои се признаени и поддржани од групите граѓани кон кои се обраќаат.

Но, се промени и разбирањето на поимот НВО. Тоа не се само еколошките, женските и НВО за човекови права. Тоа се и професионалните организации, синдикатите, верските заедници, па дури и спортските и културните здруженија. Но, тоа се и неформалните групи и граѓаните кои преземаат одговорност за самите себе и работат заедно на сопствените проблеми од водоснадбување до уредување на околината.

Се промени и разбирањето на "вмрежувањето" на НВО. Сe посилно е разбирањето дека НВО од постоењето сами за себе мораат да се свртат кон меѓусебна соработка, но и кон дијалог и соработка со државниот и приватниот сектор како најмоќен начин за постигнување на посакуваното влијание.

Тука повторно доаѓаме до актуелноста на делови од погорецитираниот текст за разбирање на граѓанското општество како "интерак­ција на граѓаните и институциите без намера кој било да продре или ги освои другите" и потребата да се придонесе во  разбирање во триаголникот влада - невладини организации - јавност во Македонија, околу глобалната визија за развој на општеството во новиот милениум. Овие реченици можеби станаа јасни дури по неколку години.

МЦМС се одлучи за премин од "НВО Билтен" во "Граѓанскиот свет". Ова треба да ја обзнани промената на разбирањето на поимот граѓанско општество и да помогне во откривањето на богатството и колоритноста на граѓанскиот свет.

"Граѓанскиот свет" ќе се издава месечно, како посебно издание, но и како дел од дневните весници. Очекувањата на МЦМС се дека  "Граѓанскиот свет" е израз на вкупната моќ за учење и е одраз на "научените лекции", односно дека во него се вградени сите подобрувања неопходни да се постигнат поставените цели.

На крај, иако МЦМС е издавач, не сака "Граѓанскиот свет" да биде пренесувач на  неговите ставови и интереси, туку да гради "сопственост" на сите НВО и актери на граѓанскиот свет.  

Сашо Клековски

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Пилот број Јануари 2001
Вовед
Пилот број, Јануари 2001
Настани
Календар
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA