Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Европа

   

Прага
Стипендии за новинари/студенти од Балканот

ТОЛ (Transitions Online), непрофитна организација со седиште во Прага, а создадена за поддршка на развојот на силни и независни медиуми, ќе ги организира следните летни обуки за новинарство и медиуми: „Истражувачко новинарство” (21-30 јули), „Обука за странски дописници” (21-30 јули), „Основи на новите медиуми” (8-13 јули).

Ограничен број делумни (половични) стипендии им се достапни на учесниците од: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грузија, Унгарија, Казахстан, Киргистан, Летонија, Литванија, Македонија, Молдавија, Монголија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Таџикистан, Туркменистан, Украина и Узбекистан. За повеќе детали во врска со курсевите, погледнете на http://journalism-courses.tol.org

ЕАР
ЕУ обезбеди нова канцелариска опрема за студенската организација АИЕСЕК

Европската Унија обезбеди грант за опремување на канцеларијата во Скопје на најголемата студентска организација во светот, АИЕСЕК. Проектот, раководен од страна на ЕАР, е дел од тековната поддршка на ЕУ на граѓанското општество и на невладините организации во Македонија. За повеќе информации, посетете ја страницата http://www.ear.eu.int/news/news.htm. 

 

ЕУ
Отворен ден на институциите

Граѓаните имаат можност на 5 мај да ги видат сите институции на ЕУ, кои на тој ден ќе ги отворат своите врати за заинтересираните. На овој ден сите европски институции околу Брисел им посакуваат добредојде на граѓаните на Европа. Берламон, симболот на ЕУ во Брисел, ќе употреби бројни интересни и разбирливи методи за да ги објасни европските политики и нивното значење. Ќе се танцува на музика во живо, а ќе има и многу други активности. На европскиот парламент фокусот ќе биде ставен на Европското село. Селото, кое ќе биде создадено посебно за настанот, ќе покрива голема област.

Таа област опфаќа штандови што ги претставуваат земјите членки на Унијата, земјите кандидатки, политички групи и други услуги на парламентот. Концертите, дебатите и другите настани ќе обезбедат забава за посетителите од сите возрасти. Отворениот ден е традиционален настан кој секоја година успешно го организира главниот град на Европа. Контакти: Europian Commission, Rue de la Loi 200, 1040 Brussels, Телефон: +32 2 29 52426, Емаил: press-rapid-database@cec.eu.int; Europian Parlament, Rue Wiertz 60, 1047 Brussels, Телефон: +32 (0)2 284 21 11, Факс: +32 (0)2 284 69 74, Е-маил: info@europarl.eu.

 

Стипендии
Можност за истражувачите од Албанија, Косово и Македонија

Институтот за историја на Источна Европа при Универзитетот од Виена ќе им понуди стипендии на истражувачи од Албанија, од Косово и од Македонија. Истражувачите треба да пристигнат во Виена од 1 октомври 2007 до 31 јануари 2008, а ќе продолжат со своите истражувања на полето на „Студии за Албанија” при Албанската библиотека на Универзитетот. За да аплицираат, кандидатите треба да поседуваат: висок универзитетски просек (да имаат поминато најмалку 6 семестри), добро познавање на германскиот јазик, и јасно дефиниран истражувачки проект во дадената област. Стипендијата ќе изнесува 1.000 евра месечно.

Краен рок за аплицирање е 15 мај 2007 година. Дополнителни информации на веб-страницата: www.hu-berlin.de.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA