|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Румена Гердовска
Соработка или ривалство помеѓу македонските граѓански организации
Владеењето на демократијата и одлучувањето на граѓаните низ денешниве демократски процеси не се остварува само низ институционалните државни облици, туку и низ граѓанските организации. Имено, овие граѓански организации (ГО) или уште наречени и невладини организации (НВО), во текот на изминативе 15 год. се развиваа и созреваа за денес со право да кажеме дека се на видно место на пиедесталот во македонското општество. Причините за ваквата тенденција се многубројни, но гледано од практичната сфера на нивното функционирање, доаѓаме до главната, ако не и најважна карактеристика за нивното високо котирање во општествениот систем. Капацитетот и адекватноста да се задоволат општествените потреби на граѓаните на многу пофункционален начин отколку што власта може да го постигне тоа во државата и нејзините институции, знаењето и способноста, стандардите и квалитетот, специјализацијата, етичкиот кодекс, саморегулацијата, се главните елементи што го прават неопходен овој сектор. Кога зборуваме за граѓански организации, акцент ставаме на нивната доброволност во здружувањето заради остварување заеднички потреби и цели во интерес на пошироката јавност или само на одредена група од истата. Како и да е, здружувањето може да биде за реализација на културни, научни, уметнички, спортски, социјални, здравствени и др. потреби. Граѓанските организации го оправдуваат своето постоење од повеќе аспекти. Нивното многу порационално функционирање, транспарентноста во работењето и материјалната надокнада, се основната предност во однос на владините органи и нивната организација. Во очите на граѓаните, ГО претставуваат партнер, соработник, група луѓе на кои можат да им веруваат, наспроти крутата и неажурна државна власт.
Ефикасноста во работењето на овие граѓански организации доаѓа до израз кога станува збор за вистинските и реални потреби на граѓанинот, нивната можност да им излезат во пресрет на сите оние кои ќе се најдат во ситуација на одредена потреба. Токму она што често пати паѓа во очи е способноста на овој сектор да ги детектира и оние групи коишто од различни причини не бараат помош или поддршка, пред с$ заради неукост, неинформираност, а често пати и заради гордост и чувство на срам. Посебно треба да се нагласи дека помошта и поддршката се укажува без разлика дали граѓаните ќе се обратат или не, но се чувствува неопходноста за задоволување на истата. Особено локалните ГО имаат голема пристапност до информациите од граѓаните, до нивните проблеми, како и до рационалноста во решавањето на тие проблеми. Транспарентноста е особено значајна, пред с$ затоа што луѓето очекуваат достапност, контрола и увид во начинот на работењето на организациите чии алтруистички побуди се насочени кон нив. Волонтеризмот и материјалната (не)надокнада се детерминанти за формирање на овие граѓански организации. Основниот постулат врз кои почиваат темелите на секоја граѓански организација е непрофитниот карактер на организацијата. Сепак, прашањето за изворите на финансирање, даночниот третман, како и економските активности се доста дискутабилни, а овој труд воопшто нема тенденција за подлабоко разграничување на ова прашање.
Како и да е, функционирањето на ГО само за себе не е доволно, ниту може да се посматра изолирано. Напротив. Овие граѓански организации мора да се третираат како медијатор, посредник помеѓу поединецот и органот на власта. Со тоа се дава и една значајна претпоставка за соработката помеѓу овие два сегменти, т.е. партнерството помеѓу ГО и државата, помеѓу владини органи и агенции од една страна и соработката помеѓу самите ГО од друга .
Најопшто земено, партнерствата меѓу овие сектори може да се сведат на заедничкиот оптег на интерес, дефинирањето определена развојна политика, пристапот до информациите и, се разбира, финансиската поддршка на ГО од страна на државата. Кога зборуваме за искуството во Македонија, еволутивниот период на развојот на ГО и соработката со државните институции, може да се забележи одреден прогрес и напредок. Со развојот на демократското организирање и дејствување на сите парцијални општествени субјекти, наедно се забележува изградувањето еднаков правен статус на граѓанскиот сектор во вкупниот правен поредок. Дефинирањето и класификацијата на многубројните ГО се врши според разни мерила, меѓу кои и целите и задачите, членството, внатрешната структура, учеството во вршењето јавни функции и др.* Полето на интерес, реализацијата и материјализацијата на определена цел, несомнено се основа за мобилизација на силите на владините и на граѓанските организации.
Преидеалистички се заложбите на секоја држава да допре до сите категории луѓе, да ги разреши целокупните проблеми со наједекватно решение и притоа дадените услуги да ги задоволат целните групи. Токму затоа државата треба да биде растоварена од определени функции, по принципот на деинституцијализација, децентрализација и приватизација.
Во Македонија с$ позабележителен е трендот на соработка и партнерство помеѓу Владата на Р. Македонија и ГО, од една страна, и помеѓу самите ГО, од друга страна. Со Стратегијата за реформа на јавната администрација (2000 год.) се формира Одделението за соработка со ГО при Секторот за анализа на политиките. Многузначајноста на ова одделение се гледа во дел од неговите клучни цели и активности:
- Утврдување на предлог-стратегија и програмата за соработка со ГО; - Делумно финансирање проекти од јавен интерес; - Посредување меѓу ГО и министерства при Владата на РМ и др.
Очекувањата за успешното функционирање на овој сектор ги подгреваат надежите дека конечно она што се провлекува низ хартијата ќе стане реалност, дека постојат доволен број причини и услови за практична реализација на зацртаните цели и активности, како што многупати милуваме да кажеме дека останува да видиме колку зацртаните концепти ќе успеат да навлезат во практиката. Ако се земат предвид одредени параметри коишто укажуваат на досегашната соработка на релација Влада - ГО, ќе ја добиеме реалната слика за партнерството меѓу овие два сектори.
Ретроспективно, гледајќи наназад, во последните десет години државата како да немаше слух за степенот на моќта на ГО, или имаше сосема малку. И денеска може без претерување да се каже дека повеќето граѓански здружениа се сфаќаат несериозно во нивниот придонес за подемократско и алтернативно одлучување.
Во поглед на финансиската помош и поддршка, Владата може да дејствува преку директна поддршка (лимитирање ресурси) и индиректно (преку даночни бенифиции на ГО и сл.). Сепак, досегашното искуство говори дека државата учествува со само 8% во изворите и нивото на финансирање на ГО. Колку за прегледност, може да се истакне дека 74% од средствата граѓанските организации ги добиваат од фондации и грантови (пред с$ од странски донатори); 4% се добиваат од поединци и од бизнис-секторот, а само 10% од сопствени средства (Зоран Стојковски: „Стратегии за одржливост на граѓанскиот сектор во Македонија”, НВО САЕМ, Скопје, 2004 г.).
Тенденцијата на владата за создавање поле на соработка во областа на социјалната заштита е типичен пример за адекватно и правилно регулирање на партнерството меѓу државните институции и ГО. Со законот за социјална заштита се предвидува вршење работи од областа на социјалната заштита од страна на правни и др. лица, притоа главен акцент се става на поврзаноста на Владата, ГО и општините. Со ова се приближуваме до искуствата на Италија каде што токму на овој начин остварувањето определени активности коишто пред себе ги има зацртано државата може да им ги препушти на ГО и притоа тоа да биде најповолна алтернатива за извршување на тие задачи.
По принципот на доделување проекти во определен рок на објавен конкурс се доаѓа до практично решение за реализација на задачите за кои државата треба да пронајде средства, но креирањето определена служба за извршување на истите тие задачи е неисплатливо решение.
Воспоставувањето на ваквиот тип соработка неминовно резултира со повеќекратни дострели: координација на активности, селекција на непотребни државни служби, оспособување специјализирани тимови, овозможување нови видови вработување и превенција од непотребен излив на државни сретства.
Како и да е, времето треба да покаже колку планираните активности би добиле реализирачки димензии. Она што останува да го забележиме е дека успешноста и рамноправноста на граѓанскиот сектор во одлучувањето на одредени прашања коишто се од витално значење и обостран интерес, мора да се имаат предвид. Во најблиска иднина треба да се разработат многубројни документи, концепции и стратегии за одреден степен на партиципација на граѓанскиот сектор во одлучувањето, во мониторингот и во контролата на донесувањето одлуки коишто ги засегаат истите.
Едно друго прашање што се провлекува кога станува збор за ГО и за партнерството за соработка е синџирот меѓу самите ГО. Во која мера или во колкав степен е присутна таа соработка, а уште повеќе колку далеку се македонските граѓански организации од здружување во т.н. „чадор-организации”? Мошне е тешко да се даде исцрпен и едноставен одговор, особено што пазарната економија е неизбежен сегмент во целокупното живеење, кое не го одминува ни граѓанскиот сектор.
Принципот на „невидлива рака” што ни го навестува А. Смит, дава свој придонес и во конкурентноста меѓу ГО како најдобар модел којшто ќе обезбеди добро функционирање.
Но, за разлика од претприемништвото, каде целокупните активности се насочени кон добивање профит и добивка, во ГО се оди во спротивната насока. Односно, создавањето одреден курс на акција е израз на долгорочната заложба на граѓанските организации за подобрување на благосостојбата на населението. Токму затоа, како одговор на претходнонаведените прашања, се наметнува промовирањето партнерство помеѓу граѓанските организации, пред с$ помеѓу оние коишто третираат иста или слична проблематика.
Првите почетоци на соработка помеѓу ГО на тлото на Република Македонија се сретнуваат помеѓу граѓанските организации коишто обезбедуваат делумно различни услуги и добра. Нивното здружување претставуваше надополнување на функционирањето, т.е. постоењето на т.н. категоријален плурализам. Вистинската конкуренција не постоеше затоа што тие им се обраќаа на различни сегменти на популацијата, така што нивното обединување не претставуваше „загрозување” на функционирањето.
*Политичка енциклопедија, Савремена администрација, Београд, 1975;
Со развојот на демократската свест, со зајакнувањето на позицијата што ја зазедоа истите тие граѓански организации, се разви и т.н. идеолошки плурализам. Сега веќе настанува вистинска натпреварувачка атмосфера кога повеќе ГО им се обраќаат на исти сегменти од популацијата, но со различни предлози, стратегии и проекти.
Денес, со сигурност, потврдно може да кажеме дека постои сериозна тенденција за креирање партнерства помеѓу ГО коишто дејствуваат на исто поле на интереси. Многубројни женски граѓански организации, еколошки друштва, верски и други непрофитни, граѓански, хуманитарни организации и асоцијации се здружуваат и воспоставуваат поле на соработка меѓу себе. Притоа, кога мислиме на партнерства за соработка, тоа не подразбира асимилација на истите тие ГО во некоја нова организација. Напротив! Тука се потенцира уникатноста, специфичноста и посебноста на секоја одделна граѓанска организација, како и идентитетот и угледот што го има стекнато таа во досегашното дејствување. Замислата и целта којашто ја имаат сите ГО пред себе е нивното долготрајно и издржливо постоење, нивното понатамошно дејствување и остварување на предвидените задачи. Не можејќи со точност да се утврди бројноста на сите организации од ваков тип, само би го потенцирале веќе познатиот факт дека нивниот број е поголем отколку што реално може да се замисли. Односно, различен е карактерот на овие организации коишто се веќе внесени во државниот систем, споредени во капаците и ресурси, од оние со огромен број раководство, кадар, членови и волонтери, до такви коишто само егзистираат со тесен круг на луѓе. Сепак, доколку се тргне од агендата дека “заедно може да се постигнат подобри резултати”, тогаш треба да се има предвид дека интересот на граѓанинот е на прво место и тие го заслужуваат максимумот што може да се добие како во квалитет, така и во квантитет.
Делотворноста со поквалитетни резултати неизбежно ги носи и убедливоста и прифаќањето како од самите граѓани, така и од владините институции, што е мотив повеќе за помош и поддршка на ГО.
Размената на искуства, споделувањето на идеите и изработка на заеднички проекти, се развива паралелно со развојот на граѓанскиот концепт. Расположливите објективни показатели говорат дека одредени ГО коишто веќе го имаат достигнато својот референтен општествен статус пристапуваат кон еден вид здружување и партнерство со организации со иста дејност. Потребата од здружување на ГО произлегува делумно и од стратегијата на бројните фондации и донатори, кои с$ почесто преферираат доделување грантови и финансии на партнерска основа. Искуствата од теренот говорат дека важноста на параметарот партнерство со друга ГО е важен аспект во можноста за добивање финансиски средства. Без тенденција за одредена скромност, ова е несомнено важен мотив за здружување на повеќето ГО.
Како и да е, критериумите коишто се наметнуваат за сериозноста, професионалноста и ефикасноста на одредена ГО, секако дека го имаат предвид и партнерството и успешната соработка меѓу самите ГО. Државата во своето прецизирање на демократските рамки мора да понуди и соодветни елементи со кои би се регулирала соработката на Владата со поодделни ГО.
Не би биле докрај искрени ако го потенцираме само партнерството и соработката меѓу овие организации, без да се посвети и значајно место на ривалството и конкуренцијата којашто помалку или повеќе е очигледна помеѓу самите ГО. Не ретко, поединец или група луѓе кои своето поле на интерес не можат да го реализираат во одредена граѓанска организација, иницираат создавање “своја” нова организација со исти или слични насоки и дејствувања. Тешко е да се поверува дека една таква релација може да создаде успешен и доследен концепт на партнерство. Сепак, недоследности имало и ќе има, но останува фактот што во македонското демократско општество полека, но сигурно, се решава прашањето за соработката и здружувањето на граѓанските организации.
Кога станува збор за искуството на други земји во однос на оваа проблематика, не би оделе многу далеку доколку ја спомнеме Словенија и развиеноста и состојбите по ова прашање. Наспроти скромното достигнување на нашата држава, во Словенија веќе здружувањето и соработката меѓу ГО е издиференцирано и механизмот за имплементација на одредбите одамна го дал својот белег. Само за споредба, би го спомнале Завод-центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации чија цел е развивање и придонес во граѓанскиот сектор, а наедно тој обединува голем дел од граѓанските организации кои дејствуваат на тој простор.
Организирање сериозен систем којшто гарантирано би ги промовирал интересите на сите организации од граѓанскиот сектор е од исклучително значење за Република Македонија. Огледувајќи се на позитивните надворешни искуства, а темелејќи се на оригиналноста и посебноста во наш контекст, логично е да се наметне потребата од „ВМРЕЖУВАЊЕ” на граѓанскиот сектор во домашни и во меѓународни рамки.
Резимирајќи, би го истакнале и непроценливото значење коешто би можеле да го имаат македонските граѓански организации врз светските одлуки коишто ќе резултираат со стимулативен систематски приод кон глобалните општествени текови.
Она што само може да се констатира е несомнено големата потреба од заедничко дејствување, партнерство како меѓу ГО и владините институции, така и меѓу самите ГО. Императивното значење на овој концепт ја приближува Република Македонија до отворените можности за евроинтеграција и влез во Алијансата НАТО, што е од голема важност за севкупното македонско општество.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|