|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Иницијатива на ЕД Еко-мисија
Парк-шумата Водно пешачка зона
Еколошкото друштво Еко-мисија од Скопје пред одржувањето на локалните избори во Македонија поведе иницијатива за прогласување на Парк-шумата Водно во пешачка зона. Иницијативата како апел за забрана на сообраќајот и авто-трките во рамките на Парк-шумата Водно беше упатена и предадена до Градот Скопје и до идниот градоначалник на Скопје. Мотивите за иницијативата Еко-мисија ги гледа и во континуираното изложување на Водно на притисок од страна на човечкиот фактор, почнувајќи од постепеното ширење на градот кон планината и стеснувањето на зоната со зачувана природа, па преку дрвокрадството и криволовот, до предизвикување шумски пожари, загадување со отпадоците што ги фрлаат посетителите, загадување со издувни гасови и бучава од автомобилите кои се движат по планината, несоодветното собирање билки, разнесување плодна почва или камен за домашните потреби на граѓаните итн.
Како најголеми пропусти во систематското одржување на Парк-шумата Водно, Еко-мисија ги наведуваат слабата чуварска служба и дозволениот сообраќај во парк-шумата, како и отсуството на какви било санкции против прекршителите.
“Пропуст на сите досегашни градски управи на Скопје е што досега не е согледана заканата што ја претставува сообраќајот за Водно и што не е направено ништо за тоа. Доблеста на оној градоначалник што ќе ја признае таа грешка и што ќе го направи историскиот потег со прогласувањето на Водно за пешачка зона ќе биде поголема. На вистинските љубители на природата им е доволно само тоа”, изјави Петар Бошевски, претседател на “Еко-мисија”.
Иницијативата на Еко-мисија ја потпишаа повеќе еколошки, планинарски и други граѓански здруженија, повеќе релевантни стручни и научни државни институции, градоначалниците на скопските општини Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гази Баба и Чаир, како и 1260 анкетирани посетители на Водно.
Д.М.
|
|
|
|
ПОГЛЕДИ: Марина Туневска-Јовановска
Приказните-точка каде што се среќаваат медиумите и граѓанските здруженија Ако здруженијата на граѓани ја сфатат и прифатат својата улога на креатори на јавното мислење со помош на медиумите, тогаш тие се на половина пат до загарантираниот успех. А, за да се придобијат медиумите во остварувањето на таквата намера, потребно е да се научи да се комуницира со “нивниот јазик”. |  |
ИНТЕРВЈУ: Методија Саздовски и Мартин Мартиноски членови на Работната група за позеленување на изборите
“Гласај за природата” - нов импулс во изборните процесиЛокалните избори во земјава беа одбележани и со кампањата „“Гласај за природата” на Работната група за позеленување на изборите. По завршувањето на првиот изборен круг, како го оценувате обидот да ги анимирате кандидатите во трката за локалната власт, но и граѓаните за одговорноста што ја носат и двете страни кон животната средина? |  |
Црвениот крст на општина Чаир во посета на Танушевци
Помошта пристигна заедно со пролеттаНа 40 километри оддалеченост од Скопје, на границата со Косово и надморска височина од 1.600 метри се наоѓа селото Танушевци. Тоа сега брои триесет семејства. Петнаесетина сe уште не се вратени во своите родни огништа, откако се иселиле на Косово по случувањата од воениот конфликт во 2001 година во Македонија. Во далечната 1984 година за прв пат е донесена струја во селото, а патот е направен година пред тоа. И сега кога има големи невремиња селото останува без струја. Веднаш до Танушевци се селата Брест и Малино. Во сите три села живее албанско население. |  |
Милениумски предизвик
Ветувањата на АмерикаПред три години, претседателот на САД, Џорџ В. Буш, ја отвори сметката на Милениумскиот предизвик, со цел да им даде повеќе пари на сиромашните земји кои работат на промовирање развојни политики. Буш рече дека неговата влада ќе донира повеќе милијарди долари во неколку растечки фази сe додека програмата не достигне висина до 5 милијарди долари годишно, почнувајќи од 2006 г. Иако петте милијарди долари се само 0,04 проценти од националниот приход на Америка, Буш го наметна предлогот како “доказ дека тој се грижи за сиромаштијата во Африка и насекаде во светот. “Јас ја носам оваа обврска во душата”, рече претседателот. |  |
|
|