Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Погледи

   

Погледи

Загаденоста како заштитен знак

Иако според Уставот на Република Македонија секој има право на здрава животна средина, како една од темелните вредности на уставниот поредок и основно човеково право - ние граѓаните на Велес сме целосно дискриминирани. Ние сме, за жал, целосно обесправени жители на еден од најстарите градови, кои немаат можност за алтернатива, немаат можност за избор на друго ог­ниште. Ние сме принудени да егзис­тираме во многу опасна животна средина со застрашувачки последици по физичкото и менталното здравје и животот за нас, нашите деца и нашите идни поколенија.

Триесет години во континуитет во Велес се случува еколошка трагедија. Триесет години велешани трпеливо, немо и помирливо секојдневно ја чувствуваат емисијата на штетни гасови, кои с$ повеќе ја загадуваат живитната средина и го загрозуваат најскапоценото нешто, здравјето.

Не е ништо ново ако се каже дека сос­тојбата е алармантна. Не е ништо ново ако се каже дека според критериумите на Светската здравствена организација во 2000 година Велес од град ризичен за живеење, е прогласен за град во кој е критично да се живее. Ние велешаните сме по с$ изгледа чуден феномен, кој с$ уште живее и егзистира под својот “заштитен знак” на “оловен оклоп”…

Загадени од сите страни: почва, вода, воздух (контаминирана почва со тешки метали до 40 сентиметри; секојдневен олово-цинков и кадмиумов прав во воздухот во улога на разорувачи на нашите организми; огромно количество сулфур двооксид; умртвена река). Топи­л­ницата не убива бавно, но сигурно. Растителниот и животинскиот свет како и земјоделските производи кои секој­дневно ги консумираме, содржат од шест до 39,8 пати поголема концентрација на тешки метали. Емисијата на олово од Топилницата е за 25 пати поголема од емисијата на сите автомобили во држа­вава кои користат оловен бензин.

Зарем е потребно да се пласираат уште укажувања, цифри и аргументи за да се констатира вистината што ни се случува; до кога? До кога ќе бидеме неми посма­трачи и сведоци на бавната и тивка смрт, а со чувство на немоќ за чекор напред? Ако дозволиме поради некоја закоравена еколошка свест да ни се уништи де­нешнината и иднината; ако денес не сториме нешто, ќе бидеме проколнати од генерациите кои ќе дојдат после нас. Битката за здрава животна средина треба да биде наша заедничка задача и цел на сите граѓани, на сите постоечки невла­дини организации, локалната само­управа, медиумите и на сите кои го љубат овој град. Кој и да сме, што и да сме, директно сме одговорни за средината во која живееме и во која живеат нашите деца. 
 

(Мимоза Давчева е претседателка на еколошкото друштво “Бреза” од Велес)

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 26 April 2003
Настани
Календар
Балкан експрес
Европа
Свет
Обуки
Публикации
Луѓе
Историја на гра. опш.
Тема
Интервју
Форум
Писма
Концепти
Q&A
Појмовник
Представување
Донатори
Избор
Погледи
Коментар
 

©MCMS - designed by KOMA