|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Предговор
Почитувани читатели,
Пред вас е новиот број на Граѓански практики. На страниците на ова, ново издание, се презентирани размислувањата и ставовите на четири автори. Темите за кои пишуваат се: “Застапувањето и лобирањето во граѓанските оганизации” и “Заштитата на човековите права низ механизмите на граѓанските организации”.
За застапувањето и лобирањето како активности што носат општествени промени се почесто се зборува во граѓанскиот сектор. Освен тоа, се повеќе проекти што ги спроведуваат граѓанските организации како инструменти ги користат застапувањето и лобирањето. Споредбата на првото (2001) и второто (2003) издание на публикацијата “Проекти на граѓанските организации во Македонија” (во издание на МЦМС) го илустрираше тоа зголемување од 4% на 32%. Токму поради тоа, сметавме дека треба да ги слушнеме размислувањата на оваа тема.
Надвор од теоретските придонеси кои ги носат сите три текста за застапување и лобирање, ќе најдете и студии на случаи низ кои практично се гледа примената на двата инструменти. Освен студијата на случај што го третира Амнести интернационал, можете да ги прочитате и останатите три случаи, еден од Македонија и два од Хрватска.
Во последниот текст посветен на заштитата на човековите права низ механизмите на граѓанските организации авторот тргнува од дилемата “дали граѓанските организации во потполност можат да ги заштитат човековите права или, пак, тие се само декор на демократијата?” Одговорот, според него, можеби е некаде помеѓу. Односно, тие истовремено имаат многу тесна формално-правна позиција, но зависно од нивната моќ во општеството, може да заземаат едно од водечките места.
Се надеваме дека и овој пат ви понудивме интересни размислувања за понатамошна дискусија. Идејата на Граѓански практики е да ги направи подостапни ставовите и размислувањата на авторите, но и да ги предизвика вашите размислувања и ставови што ќе не одведат до поширока дискусија на овие теми.
Гонце Јаковлеска, Соработник за односи со јавноста
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|