|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ОРГАНИЗАЦИСКИ ПРОМЕНИ
Сепак, нешто се менува...Лилјана Алчева-Јовановска
Постојаниот процес на промени се одвива од почетокот на постоењето на една организација и за цело време на нејзиното постоење. Процесот на промени започнува под влијание на надворешните, но и на внатрешните фактори коишто раководството на организацијата го мотивираат да го согледа проблемот и да предложи промена. Организациите постојано се менуваат со цел да се адаптираат на потребите на целната група, или клиентите, појавата на конкурентска организација, новите идеи на персоналот, другиот начин на управување. |  |
|
|
|
|