Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 30 Септември 2003  Интервју

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

Рефет Абази, актер и активист

Универзалниот принцип на културно комуницирање е активен кај децата


Универзалниот принцип на културно комуницирање треба да се негува и стимулира кај намладите, зашто само таквото комуницирање е гаранција дека во нашата држава може да се створи една критична маса која ќе каже ДОСТА на многу појави во општеството што се водени од лични фрустрации и комплекси. Сцената на Детското театарско студио станува место каде што како публика ќе се среќаваат сите деца кои сакаат поинаков театар. За претставите на албански и турски јазик ќе се обезбеди превод на македонски јазик, со цел целата продукција да биде достапна до сите потенцијални гледачи

Маријана Иванова

Рефет Абази е актер и многу повеќе од тоа. Откако добил награда и пофалница од ректорот на Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје, како студент со највисок среден успех во генерацијата, тој постојано се истакнува како вонсериски актер, подеднакво успешно настапувајќи во Македонскиот народен театар, Театарот на народностите, Драмскиот театар, како и надвор од Македонија. Учествувал во неколку ТВ-серии, ТВ и играни филмови, како и во повеќе меѓународни проекти и фестивали. Добитник е на неколку фестивалски награди, како и на наградата „13 Ноември“. Од 1999 година, г. Абази работи на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како професор по актерска игра, каде ја води и класата за драмски актери со познавање албански јазик.
Но, поводот за ова интервју со г. Абази не е директно неговата богата професионална кариера, иако е поврзан со неа. Рефет Абази е мошне активен ацтивист во граѓанскиот сектот – тој е административен директор на Детскиот театарски центар од Скопје, каде спроведува благородна мисија: на децата од различно етничко и социјално потекло, низ јазикот на уметноста – конкретно, театарската игра – се обидува да им ги пренесе вредностите на заедништвото, толеранцијата, демократијата, културата, образованието...

Г.С. - Вие сте еден од раководителите на една организација со оригинален концепт. Кажете ни нешто повеќе за Детскиот театарски центар.

Р.А. - Главната цел на Детскиот театарски центар е да го промовира детскиот театар како вредно уметничко, образовно и социјално средство при справувањето со прашања кои се однесуваат на семејството, околината, образованието, меѓуетничките проблеми, разбирањето на културата од соседството, разбирањето на детските права и демократија.

Г.С. - Какви видови проекти спроведува ДТЦ?

Р.А. – Детскиот театарски центар спроведува повеќе активности и проекти. На пример, се спроведува директна театарска работа со деца од различни етнички средини и социјални групи, како една од примарните задачи. Потоа, наши важни активности се креирање нови детски претстави; продуцирање театарски претстави за деца; креирање средства со кои се учат демократијата и детските права и други прашања од овој вид, и тоа преку театарот и театарските игри; воведување други странски успешни експерименти, методи и искуства во развивањето на детскиот театар. Спроведуваме различни активности за вклучување поширока детска публика и за зголемување на свеста за образовната улога на театарот меѓу децата, наставниците, родителите и театарските работници.

Г.С. - Во старата чаршија во Скопје се реновира поранешното кино “Напредок”. Каква е судбината на овој објект?

Р.А. - Поранешното кино „Напредок“ е веќе преуредено во една нова институција – Детско театарско студио, чие отворање се очекува набргу. Оваа институција е првата културна институција која продуцира театарски претстави за деца на три јазици (албански, македонски и турски), што јасно покажува дека во овој театар културните интеграции не се само декларативни, туку суштествени. Со тоа, сцената на ДТС станува место каде што како публика ќе се среќаваат сите деца кои сакаат поинаков театар. Детското театарско студио за претставите на албански и турски јазик ќе обезбеди и превод на македонски јазик, со цел целата продукција да биде достапна до сите потенцијални гледачи. Репертоар главно се состои од драмски текстови во кои главен акцент е ракурсот на детето во однос на неговото опкружување. Исто така сцената на ДТС ќе биде отворена сцена, во чии рамки исто така ќе има простор и за други претстави кои гарантираат валиден уметнички квалитет.

Театарот како образовен инструмент

Детскиот театарски центар е формиран во 1999 година, како заеднички проект на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и на организацијата Интеркулт од Шведска. За време на косовската криза, работеше со децата-бегалци и со уметници-бегалци, поврзувајќи ги со локалните уметници и со меѓународните театарски групи.

Од јануари 2000-та година, Детскиот театарски центар работи како здружение на граѓани, фокусирано на децата од различни етнички и социјални групи од Република Македонија. Стратегиска цел на Центарот е да го претстави театарот како образовен инструмент. Спроведувајќи ја таа цел, Центарот работи со наставници во училиштата, помагајќи им да воведат нови театарски методи во нивната работа. Исто така, воведува нови методи и искуства за театарски професионалци, преку семинари, работилници и пренесување знаења од странство. Центарот работи исклучиво со поставување новонапишани драми за деца. Една од неговите важни задачи е проширување на детската театарска публика, и од етнички и од регионален аспект (рурални населби и помали градови, гетоизирани населби).

Г.С.
- ДТЦ ја спроведува идејата на поврзување преку универзалниот принцип на културата. Тој, претпоставувам, функционира повеќе кај децата одошто кај возрасните?

Р.А. - За среќа, децата не се толку „затруени“, барем не во иста мерка колку и возрасните. Кај децата сe уште важи принципот „не го прави на другиот тоа што не сакаш тебе да ти го прават“, и токму поради тоа универзалниот принцип на културно комуницирање кај децата е активен. И тоа треба да се негува и стимулира, зашто само ваквиот принцип на комуницирање е гаранција дека во нашата држава може да се створи една критична маса која ќе каже ДОСТА на многу појави во општеството што се водени од лични фрустрации и комплекси.

Г.С. - Како децата ја прифаќаат меѓусебната „различност“, ако тоа може да се нарече така. Дали, тие, воопшто, под „различност“ подразбираат исто што и ние?

Р.А. - „Различноста“, за жал, кај нас се сервира како подвоеност на: подобри и полоши, почисти и повалкани, попаметни и поглупави. Што се должи на погрешно читање и интерпретирање на историјата, чије читање е главната кочница за нормално и природно развивање на нашето општество. За среќа, децата не ја знаат добро „историјата“ колку возрасните што е олеснителна околност, бидејќи главно историјата на балканските народи е само бележење на настани во кои некои народи ни напакостиле, при тоа вадејќи ги од временски контекст и самите настани. Во нашите учебници по историја сe уште можат да се среќаваат терминате: „клетите Турци“, „качачките банди“ ни правеа тоа и тоа. Вадењето на работите од временски контекст доведува до забуна и создава терен за манипулација, зашто индивидуалното размислување се топи и личноста, губејќи го својот интегритет, избира да си припадне на „толпата“, односно народот. Но, веќе тој припаѓа на народ кој многу страдал, и како резултат на многуте историски страдања тој има и право малку и да „враќа“, што всушност е стеснување на свеста.

 

©MCMS - designed by KOMA