|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Предговор
Почитувани читатели,
Ова е новиот број на Граѓански практики, овој пат посветен на “Филантропијата” и “Социјално одговорните бизниси”.
Актуелноста на овие две прашања во последно време е се поголема. Граѓанските организации соочени со намалувањето на донациите од меѓународните фондации се обидуваат да се свртат кон домашните извори без разлика дали станува збор за мобилизирање од индивидуални донатори или од корпорации. Но со какви предзнаења, вештини и искуства располагаат? Дали е возможна мобилизација на фондови во услови на сиромаштија, невработеност, недоверба и апатија кај голем дел од населението во Македонија? МЦМС не можеше да не покрене дискусија на овие две теми имајќи го предвид погоре кажаното.
Петмина автори, на страниците на овој број на Граѓански практики ги разгледуваат можностите и досегашните искуства во филантропијата и социјално одговорните бизниси во Македонија и споредувајќи ги со искуствата на другите земји.
Во еден од текстовите посветени на филантропијата можете да најдете и податоци од истражувања за солидарните навики на граѓаните на Македонија кои го потврдуваат високото расположение за давање но и поглед на препреките во развојот на филантропијата и секако за искуствата овде и надвор од Македонија. Другиот текст се однесува на процентуалната филонтропија која е актуелна во земјите на Југоисточна Европа, а за која и во Македонија се расправаше во неколку наврати.
Кај социјално одговорните бизниси ќе имате можност да ги видите согледувањата на корените на оваа појава уште во претходниот општествено и политички систем, компонентите на ваквото работење и примерит е од праксата. Во вториот текст можете да ги видите нивоата на општествена одговорност низ кои минуваат компаниите, одлично илустрирани со примери од Македонија, а во третиот текст категориите на општествена одговорност и подрачјата на корпоративно општествено дејствување.
Во Македонија веќе се водат дискусии за социјално одговорните бизниси. Се надеваме дека Граѓански практики, како и до сега, ќе придонесат во тие дискусии, збогатувајќи ги за нови размислувања и ставови.
Гонце Јаковлеска Соработник за односи со јавноста
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|