|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Обединети нации
Милениумски развојни цели
Повик за позасилена акција Европската Унија отиде на Самитот на ОН со својот “нишан” насочен кон дејствување во голем број суштински области, вклучително и климатските промени, биодиверзитетот и одржливото користење на океаните
Самитот на Обединетите нации се одржа од 14 до 16 септември 2005 година во Њујорк, со цел да се даде преглед на досегашниот напредок во поглед на остварувањето на Милениумските развојни цели (МРЦ) за 2015 година, пет години по нивното договарање во 2000-тата година. Ставот на Европската комисија е дека одржливиот развој и зачувувањето на животната средина се клучни за остварување на МРЦ.
Седмата, од вкупно осумте милениумски развојни цели, се фокусира на одржливоста на животната средина и претставува обид за враќање на загубените природни ресурси, преполовување на бројот на луѓето кои немаат здрава вода за пиење, како и подобрување на животите на 100 милиони сиромашни жители до 2020 година. Во претсамитското Соопштение[1], комисијата истакна дека остварувањето на овие цели е неопходно за остварување други цели поврзани со сиромаштијата, со здравството и со родовата еднаквост, а истовремено и за глобалната и за човековата безбедност. Таа ја подвлекува потребата за интегрирање на заштитата на животната средина и одржливото користење на природните ресурси при изготвувањето на националните и на меѓународните политики и развојни стратегии.
Опстанокот на најсиромашните луѓе директно зависи од природните ресурси. На пример, имањето директен локален пристап до здрава вода за пиење и одржливите извори на енергија е неопходно за добросостојбата и за здравјето, особено на децата, а во исто време им помага на жените кои на тој начин не мораат да носат вода и огревно дрво на долги релации.
Европската Унија отиде на Самитот на ОН со својот “нишан” насочен кон дејствување во голем број суштински области, вклучително и климатските промени, биодиверзитетот и одржливото користење на океаните.
Еден од конкретните предлози во контекст на генералната реформа на институционалната структура на ОН беше основањето на Организација за заштита на животната средина, која посебно би се фокусирала на еколошката димензија на одржливиот развој. Идејата за којашто требаше да се дискутира на Самитот беше основање на новата организација врз веќе постоечката Програма за животна средина на ОН (УНЕП), но со појак и посеопфатен мандат. Со тоа, таа би се ставила на исто рамниште со другите специјализирани агенции на ОН.
Со седиште во Најроби, Кенија, организацијата би можела да ја планира својата работа со поддршка од стабилни фондови, а во тесна соработка со други мултинационални агенции. Плановите за новата агенција се во подготовка веќе неколку години. Тоа ќе значи потег поддржан од ЕУ во насока на подобрување на управувањето со животната средина на сите нивоа, следејќе го апелот на генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, за посилен и подобро интегриран меѓународен мониторинг со цел да се одговори на предизвиците на светскиот економски раст и развој.
На Самитот на ЕУ, пак, кој се одржа во јуни 2005 година, Европскиот совет уште еднаш ја потврди својата поддршка на “одржливиот развој како клучен принцип којшто управува со сите политики и активности на Унијата”. Лидерите на ЕУ издадоа Декларација, во којашто заштитата на животната средина е главен приоритет, заедно со апелот за почитување на ограничените природни ресурси на планетата Земја и акцијата за кршење на врската помеѓу економскиот развој и штетата којашто ја предизвикува тој врз животната средина, со поставување нови цели, показатели и мониторинг-процедури.
Мултилатерален пристап
Европската Унија има силна обврска кон Обединетите нации со тоа што земјите-членки обезбедуваат околу 37% од годишниот буџет и 50% од финансиите за програми. Унијата исто така е најголемиот светски обезбедувач на помош за развој кога станува збор за вода и санитарни прашања, а е наедно и активна во напорите да се зголеми обновливата енергија преку Иницијативата за енергија на ЕУ за искоренување на сиромаштијата и одржлив развој (ЕУЕИ). Унијата на Самитот на ОН гледа како на единствена можност за консолидирање на еден мултилатерален пристап кон глобалните проблеми – принцип којшто е во срцето на надворешната политика на ЕУ.
Во поглед на климатските промени, ЕУ уште еднаш побара конкретна акција за ограничување на нивното влијание и почеток на формални разговори за глобалната рамка, која ќе следува по почетната целна фаза од Кјото во 2012 година и ќе им помогне на земјите во развој да постигнат одржлив развој.
Потребно е да се изоди долг пат за да се остварат целите за зачувување на биодиверзитетот, кои беа поставени на Светскиот самит на ОН во Јоханесбург во 2002 година. Самата Европска Унија вети дека ќе го запре губењето на биодиверзитетот во Европа до 2010-тата година.
За понатамошни информации за Самитот на ЕУ и за ОН, посетете ги веб-страниците: www.europa.eu.int/comm/external_relations/unsummit_2005 и www.un.org.mk/millenniumgoals/
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|